Гори во Делчево и Пехчево, пожарот во Сарај ставен под контрола

Во Делчево, согласно состојбата до 14 часот, уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, и е во дијаметар од 15 километри, а опожарени се околу 1.000 ха.

Уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш. Повторно гори и во Гостивар, а под контрола е ставен пожарот во Сарај, во атарот над селата Раовиќ и Буковиќ, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Делчево, согласно состојбата до 14 часот, уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, и е во дијаметар од 15 километри, а опожарени се околу 1.000 ха.

Во овој момент, најкритично е кај Света вода, меѓу селата Тработивиште и Разловци.

На терен интервенираат 60 припадници на Армијата, 22 припадници на МВР ЕБР, МВР Тигри со 24 припадници, ШС Голак Делчево со 25 вработени и четири теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари, две ПП возила и едно теренско возило, гранична полиција со четири теренски возила, МВР ПС Делчево со две припадници и едно теренско возило, ЈПКД Брегалница со пет вработени, 2 ровокопачи, теренско возило и едно возило со цистерна од еден тон, РЦУК Делчево со две вработени, ТППЕ Македонска Каменица со четири пожарникари со теренско возило, Црвен Крст Делчево со волонтери, ТППЕ од Р.Бугарија со шест пожарникари и едно ПП возило.

Во Пехчево, пожарот на м.в.Бајаз Тепе уште е активен кај селата Робово, Умлена и Чифлик.

Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта.

Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово-Делчево и се движи накај селото Црник. Патниот правец е забранет за движење. ПП екипата од Словенија се распоредени во атарот на селата Црник и Негрево. Интернивенираа и хеликоптери. Пожарот околу с.Црник е ставен под контрола, а на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над селото Мачево, каде има распоредено екипи.

Интервенираат вкупно сто припадници на Армијата, 20 Ренџери; – ШС Равна Река Пехчево со 30 вработени, со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, ШС Малешево Берово со 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз, ТППЕ Берово со седум пожарникари и три ПП возила; – БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно ПП возило; – ПО ДЗС со четири вработени и едно теренско возило со цистерна, РЦУК Берово со две вработени, екипите од Р.Бугарија со 20 пожарникари и три ПП возила, ПП екипа од Словенија и 60 луѓе од месното население.

Пожарот кај селото Богословец во Свети Николе се уште е активен и со истиот опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 ха.

Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и три ПП возила, ДППД со шест пожарникари и две ПП возила.

Активен е и пожарот кој од селото Богословец се префрли кон селата Криви Дол и Добришани во Штип.

Кракот кон селото Добришани под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон река Брегалница. Кракот кој гори во близина на магацините на АРСМ во селото Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање.

Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари со теренско возило; РЦУК Штип со еден вработен со теренско возило, ЈП Стипион Штип со вработен со теренско возило; АРСМ со 30 војници и со една цистерна.

Пожарот во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп е активен и е на непристапен терен.

Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане е активен со јак интензитет. Постои опасност да биде зафатена и борова шума.

На двата пожари вкупно интервенираат ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со две теренски возила, АРСМ со 32 војници – ШС Црн Бор Прилеп со седум вработени и едно возило – Водовод и Канализција со 10 вработени – ЈКП Комуналец со осум лица. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.

Пожарот кај селото Бељаковце во Куманово е активен и се движи кон селото Довезенце. Известени се и ШС Куманово и ДЗС Куманово.

Интервенираат ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и две ПП возила, АРСМ со 80 припадници и ШС Куманово.

Пожарот кај м.в.Погана во Валандово е активен, особено во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарена е површина од околу 1.350 ха.

Интервенират ТППЕ Валандово со две ПП возила и седум пожарникари, ШС Саланџак Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со седум лица; ЕВН Битола со седум вработени една цистерна за вода и едно теренско возило; ШС Кожуф Гевгелија со 33 вработени со три возила; ЈПКД Комунална чистота Богданци; 10 жители со еден трактор и два мотора од н.м.Казандол.

Во Радовиш во селото Погулево од 10:00 часот е активен пожарот, каде гори сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Истиот брзо се шири поради ветер.

ИнтервенираатТППЕ Радовиш со 10 пожарникари и две ПП возила; ШС Плачковица Радовиш со две екипи.

Пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ во Сарај во Скопје делумно е под контрола и на терен има екипи од БППЗ и НП Јасен, додека од ШС Караџица известуваат дека во 14:30 часот се испратат екипа од четири лица со цистерна. Екипите на НП Јасен се на терен и контролираат истиот да не се префрли во Националниот Парк.

Интервенираат БППЗ со екипа; НП Јасен со вработени.

Инаку, повторно е активен и пожарот во Гостивар, во селото Пожаране. Таму интервенираат од ШС Шар Гостивар./МИА

Дневен хороскоп за 16. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 16. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Кои се најчестите здравствени проблеми што ги погодуваат децата?

Еден посебно може да влијае на квалитетот на животот и во посериозна возраст  

Рамните табани, деформациите на ‘рбетот и дебелината се најчести проблеми кај децата.

Стапалата се важен дел од нашето тело кои ни овозможуваат поткрепа и полесно движење. Нивното здравје е многу важно за нашето тело. Како што предупредуваат ортопедите, има се повеќе деца со рамни стапала, особено во градските средини каде децата немаат можност да одат боси.

Рамните стапала претставуваат деформитет кога табаните немаат природен заоблен лак. Овој проблем денес доби епидемиски карактер и е најраспространет кај деца од градските средини. Според ортопедите причина за тоа е седечкиот начин на живот и отсуството на физичка активност од најрана возраст.

Рамните табани не може да се „поправат“ доколку во детството не се носат соодветни влошки и квалитетни обувки, а во позрелите години тие влијаат на квалитетот на животот.

Најновите податоци од истражувањето на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија кое е спроведено според Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација, покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во извештајот се наведува дека дебелината кај децата го зголемува ризикот од прерана смрт и инвалидитет во зрелоста. Прекумерно ухранетите и дебели деца често, како и возрасните, се разболуваат на помлада возраст од хронични болести, како што се дијабетесот и кардиоваскуларните болести, а развојот на болеста делумно зависи од возраста на која настанала дебелината и нејзиното траење.

Дебелите деца и адолесценти имаат и краткорочни и долгорочни здравствени последици кои често не стануваат видливи до полнолетството, како што се: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, мускулно-скелетни нарушувања и некои видови малигнитет, како и психолошки проблеми. Како што е наведено во овој извештај, главната цел при спречување на дебелината кај децата е да се обезбеди енергетска рамнотежа помеѓу внесените калории (диета) и потрошените калории (физичка активност).

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер