Гори шума во близина на Чернобил , гаснењето оди тешко поради радиоактивноста

Во зоната на исклучување околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил, гори шума, а напорите на пожарникарите се спречени од високото ниво на радиоактивно зрачење.

Околу 90 пожарникари влегоа на интервенција и се обидуваат да го изгаснат пожарот што зафати приближно 20 хектари, соопшти денеска Киевската агенција за цивилна заштита.

Два авиони и хеликоптер биле испратени на подрачјето за да им помогнат на пожарникарите во гаснењето.

Радиоактивното зрачење сè уште е присутно по нуклеарната несреќа во 1986 година , така што ги попречи напорите на пожарникарите, соопшти агенцијата, додавајќи дека не постои опасност за населението.

По нуклеарната експлозија во Чернобил во 1986 година, областите загадени со радиоактивност околу урнатините се затворени, а илјадници луѓе биле преселени.

притисни ентер