Google ќе отвори сопствен портал во Австралија, за да ја избегне обврската за плаќање

Google во наредните недели ќе го оживее својот сопствен проект за портал за вести во Австралија и веќе нарачал реклами, велат уредници на неколку помали медиуми, истакнувајќи ги обидите на дигиталниот гигант да го поткопа најавениот закон.

News Showcase треба да започне веќе во февруари и е последниот тактички потег на Google во жестоката кампања против планираниот закон со кој австралиската влада сака да го принуди технолошкиот гигант да плаќа за употреба на медиумските содржини.

Уредникот на информативниот портал „ The Conversation “, Миша Кетчел, денеска изјави дека тој бил контактиран од Гугл „за да продолжи со дискусиите за лансирање на производот News Showcase што е можно поскоро, најверојатно во февруари“.

Гугл го објави лансирањето на порталот во Австралија во јуни минатата година, потпишувајќи договори за испорака на содржини со седум мали локални медиуми, вклучувајќи го и „ The Conversation “. Проектот бил одложен откако регулаторот за конкуренција објавил закон за исплата на содржините.

Целта на предложениот закон е да се зајакне позицијата на медиумите во преговорите со дигиталните гиганти за поделба на приходите. Предлогот предвидува арбитража во случај платформите и медиумите да не постигнат договор и одлуката на арбитражата да биде обврзувачка.

Портпарол на австралискиот огранок на Гугл денеска одбил да ги коментира информациите за лансирање на информативниот портал. Два австралиски весници потврдиле дека подготвиле детали за содржината на информативниот портал, без да разговараат со дигиталниот гигант.

Извршниот директор на „Гугл Австралија“, Мел Силва, на парламентарното сослушување минатата недела рече дека компанијата ќе го повлече пребарувачот од Австралија доколку се донесе законот.

„Гугл е против плаќање за објавување на врски до статии, не против плаќање за објавување на вести“, напиша Силва на блогот.

„Во моментов, ниту една веб-страница или пребарувач не плаќа за да ги упати луѓето на врски кон други страници“, напиша Силва во својот пост. „Овој закон ќе го смени тоа и ќе го принуди Гугл да плати за врски за прв пат во својата историја“.

Австралиската влада го објави законот во декември минатата година, по истрагата што ја покажа преголемата моќ на технолошките гиганти на пазарот во медиумскиот сектор.

Таквата состојба претставува потенцијална закана за демократијата, заклучила владата.

Истрагата, меѓу другото, утврдила дека од секои 100 долари потрошени на рекламирање преку Интернет, 53 долари одат во „Гугл“, 28 долари во „Фејсбук“, а 19 долари во други медиумски компании.

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер