Од Исланд до Израел, голем број земји започнале да ги укинуваат ограничувањата за карантин за луѓето кои можат да докажат дека биле вакцинирани - дозволувајќи им да ги посетуваат местата за одмор или да ги преминат границите ако покажат документи за вакцинација.
„Луѓето се обидуваат да го заобиколат тоа со создавање лажни документи, суштински ставајќи ги во опасност животите на другите“, рече Бену Арора, основач на фирмата за сајбер разузнавање Cyble, вом интервју за Ројтерс.
„Постојат стотици веб-страници на темната мрежа каде што се продаваат овие документи ... по цена на кикирики“, рече тој.
Темната мрежа е дел од интернетот што е надвор од опсегот на пребарувачите, каде корисниците се главно анонимни и главно плаќаат со криптовалути како што е биткоинот.
Лажните документи за вакцинација може да се купат за помалку од 12 американски долари, рече Арора, додавајќи дека бројот на барања е зголемен од крајот на февруари.
Одед Вануну од компанијата за сајбер безбедност Чек Поинт,истражувачите во фирмата пронашле бројни темни веб-реклами кои нудат документи, наводно, издадени во САД, Русија и други земји.
„Има голема побарувачка за тоа“, рече тој.
Фалсификати се појавиле и на регуларните веб-страници и платформи за е-трговија, рече Чад Андерсон, виш истражувач за безбедност во фирмата за разузнавање преку Интернет,DomainTools.
Минатата недела, 45 јавни обвинители од Соединетите држави потпишале писмо во кое ги повикуваат раководителите на Twitter, eBay и Shopify да преземат итни мерки за да спречат нивните платформи да се користат за продажба на лажни картички за вакцинација против ковид-19. „Лажниот и измамнички маркетинг и продажбата на лажни картички за вакцини го загрозуваат здравјето на нашите заедници, го забавуваат напредокот во зачувување на нашите жители од вирусот и ги кршат законите на многу држави“, се вели во писмото.
ЕБај соопшти дека презема значителни мерки за блокирање или брзо отстранување на предметите што изнесуваат лажни здравствени тврдења, вклучувајќи картички за вакцинација.
Твитер соопштил дека продажбата на лажни картички не е дозволена на страницата и презеле „мерки за спроведување“ кога ќе се идентификуваат прекршоците. Shopify не одговориле веднаш на барањето за коментар.
Неколку дена претходно, ФБИ ги повика луѓето да не објавуваат фотографии од нивните картички за вакцинација на социјалните мрежи, предупредувајќи дека информациите може да ги користат измамниците за фалсификување документи.
Андерсон од DomainTools рече дека фалсификувањето хартиени документи станало „толку лесно“ во денешно време.
„Тривијално е, особено со алатките за уредување што ги имаме денес“, рече тој.
Вануну изјавил дека за да се направи фалсификувањето потешко, картичките за вакцинација треба да бидат дигитално потпишани со шифрирани клучеви со користење на систем QR-код сличен на тој што е усвоен во Израел.
Откако ќе бидат скенирани, кодовите откриваат информации за вакцините, како и името на имателот - да се проверат во согласност со личните документи. Но, за меѓународно патување, таквиот систем ќе бара земјите да ги споделуваат податоците, рече тој.
Кина, Бахреин и уште неколку нации веќе вовеле пасоши за вакцини, а Јужна Кореја и Европската унија исто така објавија планови за дигитални документи, објави Ројтерс.