Голема поддршка во Советот на ЕУ за португалскиот предлог за Скопје и Софија

За неколку дена министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург каде ќе дебатираат за преговарачките рамки за Македонија и Албанија и одржувањето на првите Меѓувладини конференции со овие две земји.

Високи дипломатски извори потврдија за МИА дека меѓу земјите членки на Европската Унија има „огромна" поддршка за предлогот што го поднесе португалското претседателство неодамна за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

За неколку дена министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург каде ќе дебатираат за преговарачките рамки за Македонија и Албанија и одржувањето на првите Меѓувладини конференции со овие две земји.

Португалија, која вложи големи напори во процесот на помирување помеѓу Скопје и Софија преку формален предлог, не се откажува од можноста да се изнајде решение до 22 јуни помеѓу двете страни, многу ќе зависи и од резултатите од билатералните преговори на највисоко ниво, кои се во тек.

-Португалскиот предлог има за цел да го отвори патот за изнаоѓање прифатливо решение кое ќе ги земе предвид преокупациите на земјата членка и на земјата кандидат, но се разбира дека е суштински да се земат предвид преокупациите и на сите други земји во Советот, одлуката се носи едногласно. Има повеќе контакти на различни нивоа, на највисоки нивоа, португалскиот претседател отпатува во Софија во првите денови на јуни и има огромна заложба од претседателството за изнаоѓање решение, објасни за МИА висок ЕУ дипломат инволвиран во процесот.

На последниот амбасадорски состанок на почеток на оваа недела помеѓу земјите членки на ЕУ се разговарало исто така за Македонија и дипломатите потврдуваат дека поддршката за португалскиот предлог е многу голема.

-Сега очекуваме после билатералните контакти на највисоко ниво помеѓу земјата кандидат и земјата членка да донесеме одлука на Советот за општи работи, амбицијата на португалското претседателство беше да се отворат преговорите и со Македонија и со Албанија, и тоа останува амбиција на португалското претседателство и натаму, објасни висок дипломатски извор за МИА.

Повеќето земји членки на ЕУ исто така оценуваат дека Тирана и Скопје не треба да бидат одвоени.

Меѓутоа до сега од македонска страна пораките се воздржани. Премиерот Зоран Заев при последната посета на Брисел во понеделникот и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев, повтори дека не сака да ги крева очекувањата на граѓаните за зелено светло на 22 јуни со оглед на тоа дека во Бугарија има техничка влада./МИА

Невреме со грмотевици и силен ветер во западна, централна и јужна Турција

Невреме со грмотевици денеска ја зафати западна и централна Турција. Силен дожд врне во многу турски окрузи, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Анталија.

Жолто ниво за опасно време придружено со невреме и обилни врнежи за денеска објави Турската метеоролошка служба за вкупно 45 окрузи во земјата.

Во Анкара врне обилен дожд, придружен со силен ветер.

Во Истанбул, поради силниот ветер, откорнати се дрвја, а причинета е материјална штета на автомобилите паркирани наоколу, јавува турската телевизија НТВ.

Во морето кај Измир се формираше торнадо.

Брзината на ветрот достигна 118 км/ч во туристичкото место Кемер во Анталија, каде во невремето паднаа дрвја, јави ТВ НТВ.

Ситуацијата во округот Анталија останува сложена. Во морето се формираа големи бранови, а во голем број населени места во околината обилниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот. /МИА

Иранскиот министер за надворешни работи повика на смирување на тензиите на Блискиот Исток

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се заложи за намалување на тензиите на Блискиот Исток кои дополнително ескалираа по меѓусебните напади меѓу Иран и Израел, јави ДПА.

- Војната и воената тензија никому не му користат во регионот, затоа мора да се најде решение. Сите страни треба да се фокусираат на изнаоѓање политичко решение, изјави за иранските медиуми Абдолахиан кој престојува во Њујорк.

Според него, „Израел мора да престане да врши воени злосторства во регионот, за да стане стане возможна хуманитарната помош и размената на заложници за затвореници во конфликтот во Газа“.

За време на престојот во Њујорк, каде што учествуваше на неколку седници на Обединетите нации, иранскиот министер за надворешни работи, нагласи дека Иран нема да одговори на нападите врз воени цели во централната иранска провинција Исфахан, за кои се верува дека ги извршил Израел.

- Немаше штета или жртви по нападот со мало беспилотно летало соборено во близина на Исфахан, рече Абдолахиан.

Тој ги опиша нападите како обид на произраелските медиуми да ја истакнат воената супериорност на Израел.

- Малите соборени дронови беа повеќе како играчки со кои си играат нашите деца, рече Абдолахиан, но предупреди дека Иран ќе одговори „жестоко и цврсто“ на вистински напад од Израел./МИА

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во палатата „Долмабахче“ во Истанбул го прими Исмаил Ханија, лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, јавија турските медиуми.

Не се соопштуваат повеќе детали за средбата која се одржува зад затворени врати во претседателската резиденција.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан пред неколку дена се сретна со Ханија во Доха, каде разговараа за последните случувања во конфликтот во Газа, соопштија дипломатски извори.

Фидан и Ханија, заедно со неговата делегација, разговараа за теми поврзани со хуманитарната помош во Појасот Газа, напорите за прекин на огнот и прашањето за заложниците, велат изворите. /МИА

притисни ентер