Голема експлозија во рударскиот регион во Гана,најмалку 17 загинати урнати стотици објекти

Најмалку 17 лица загинаа, а 59 се повредени во западна Гана кога камион кој превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл, соопшти денеска владата, додавајќи дека експлозијата уништила цел дел од градот.

Несреќата се случила вчера околу пладне во градот Апијаста, недалеку од Богос, рударски град на запад, на околу 300 километри западно од Акра, главниот град на таа западноафриканска земја богата со минерални суровини.

Според првичните информации, несреќата се случила во близина на електричен трансформатор, по што дошло до експлозија, изјави ноќеска преку соопштение министерот за информации Коџо Опонг Нкрумах.

Тој рече дека вчера во 17 часот биле потврдени 17 загинати и 59 повредени. – Од повредените, 42 се згрижени во здравствени домови, а дел од тие лица се во критична состојба, рече министерот Нкрумах.

„Сите болници во областа се мобилизирани да се грижат за повредените, а активиран е и план за евакуација за транспорт на лицата во критична состојба во болниците во главниот град Акра", соопшти владата.

Со цел да се избегне нова експлозија, на местото на несреќата е испратена заедничка екипа од полициски и воени експерти за експлозии за да ја испитаат ситуацијата и да воведат безбедносни мерки.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер