Голема акција на грчката полиција: Уапсени се и туристи

Грчката полиција спроведе голема акција за време на викендот за почитување на превентивните епидемиолошки мерки во туристичките дестинации.

Биле извршени контроли на островите Парос, Миконос, Санторини во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

На Парос, полицијата изврши контроли во ноќни клубови, од кои едниот е затворен 15 дена, затоа што во него имало повеќе гости од дозволениот број. Изречена е и казна од 3.000 евра. Пет лица се уапсени за бучава, пренесува АНА.

На Миконос е уапсен италијански државјанин, кој организирал забава во куќа каде имало премногу луѓе. Полицијата провери и девет барови на плажа и 17 барови и клубови дали се придржуваат кон пропишаните мерки.

Две лица се уапсени затоа што немале дозвола да постават лежалки на плажа, а уште шест лица за бучава.

Три лица се приведени на островот Санторини, исто така за нарушување на јавниот ред и мир, а по увидот во седум барови и клубови.

МВР: 378 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим

  Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер.

На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина.

СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим.

Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се.

Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани под браната Калиманци

Дождот што во текот на вчерашниот ден паѓаше на територијата на општините во пијанечкиот регион повторно предизвика одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. 

Како што јавуваат возачи, поголеми одрони во моментот има во близина на првиот мост под браната Калиманци.

-Одроните се на десниот дел од коловозот од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, веднаш под браната Калиманци. Едната сообраќајна лента е слободна за движење, но треба да се внимава бидејки одроните се на место пред свиок, велат возачи.

Додаваат дека на останатиот дел до Кочани патот е чист освен ситни камчиња во близина на некогашниот голем одрон кај месноста Саваро.

Екипи на подружницата на ЈП „Македонија пат” се запознаени за случајот и најавуваат брзо расчистување на одроните. Долж целиот патен правец асфалтот е сув и возачите возат по суви коловози.

притисни ентер