Голем скок на УКЛО-Битола на ранг листата на универзитетите во Европа - Канал 5

Голем скок на УКЛО-Битола на ранг листата на универзитетите во Европа

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) - Битола на последното рангирање на Вебометрикс,  светски призната ранг-листа на универзитети, забележа скок од 1.137 места на светско ново. 

Голем скок на УКЛО-Битола на ранг листата на универзитетите во Европа

Во изјава за МИА, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, истакна дека со видливото искачување за близу илјада и двете места, УКЛО е веќе во првите 20 отсто рангирани универзитети во Европа, односно на 1.114 место од вкупно 6.008 европски универзитети.

-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со новото рангирање е и меѓу првите 12 отсто рангирани универзитети во светот или на 3.569 место од 32.018 вкупно рангирани високо образовни и научни установи во светот. Затоа со големо задоволство сакам да кажам дека во период помеѓу две рангирања УКЛО бележи исклучителен успех на единствените две ранг-листи кои се композитни, бесплатни и ги рангираат сите универзитети од Македонија. Имено, УКЛО се издвојува како второ рангиран според „ЕДУранк“ ранг-листата која покрај научната ја вреднува и едукативната компонента на универзитетот и трето рангиран според Вебометрикс каде се вреднува исклучиво научната компонента, со акцент на научната извонредност. Посебно радува фактот што според критериумот Impact на Webometrics што го мери влијанието во општеството преку реализирани активности и објави на Интернет УКЛО е прво рангиран во државата, истакна ректорот Неделковски.

Големиот скок во рангирањето на УКЛО за раководството на битолскиот Универзитет е големо постигнување и ќе внесе нови импути во развојноста, бидејќи во минатото, УКЛО на конкретните ранг листи беше седмо, па петто рангиран македонски универзитет, посочија од УКЛО-Битола.

Синер избори полуфинале на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер без многу проблеми стигна до полуфиналето на Вимблдон. Тој во денешеното четвртфинале го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови (7:6(2); 6:4 и 6:4) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.

Синер избори полуфинале на Вимблдон

Неизвесност имаше само во првиот сет, кој Синер го доби во тај брејкот со 7:2 на поени, иако Шелтон водеше со 2:0, но тоа не беше пречка за Синер кој успеа да направи серија од седум поени. Во следните два сета италијанскиот тенисер имаше по еден брејк и тоа на идентичен начин во 10.тиот гем за да ги добие двата сета со 6:4 во гемови.

Победа во три сета покажува дека повредата од осминафиналето од понеделникот е веќе минато за Јаник Синер.

Синер во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи.

Нови тези: Зошто жените се поподложни на Алцхајмерова болест?

Науката одамна знае дека жените се изложени на поголема опасност од развој на Алцхајмерова болест. Кај нив, всушност, има двојно поголема веројатност да добјат вакво нарушување, во однос на мажите.

Нови тези: Зошто жените се поподложни на Алцхајмерова болест?

Новите научни сознанија говорат дека научниците, можеби, се на добар пат да го објаснат тоа - посочувајќи две битни разлики меѓу мажите и жените. Како прво, двата пола имаат различни хромозоми. И - второ, жените имаат менопауза - што се јавува кога репродуктивните хормони на жената природно опаѓаат почнувајќи од нејзините 40-ти и 50-ти години од животот. Според Здружението за заштита од Алцхајмерова болест, во САД, еден од тројца возрасни лица умира од Алцхајмеровата болест или друг вид деменција. Речиси две третини од починатите се жени.

- Епидемиолошки, гледаме дека за речиси сите невролошки болести, постојат разлики во тоа колку биолошки жени и мажи се засегнати, објасни Ана Бонкоф, истражувач по неврологија на Медицинскиот факултет при Харвард и „Генерал Бригам“ во Масачусетс. - Постои склоност, на пр., кај мултиплекс склероза и мигрена, повеќе жени да бидат засегнати, додека спротивното важи за туморите на мозокот и Паркинсоновата болест. Само врз основа на овие бројки, добивате чувство дека нешто треба да стои зад овие разлики во однос на биологијата, додаде таа.

Гледајќи во внатрешноста на телото, додека жените имаат два „Икс“ хромозоми, мажите имаат „Икс“ и „Ипсилон“. Хромозомите се нишки-структури на ДНК коишто носат стотици и илјадници гени. Тоа пак, ги одредуваат физичките одлики на една личност. Разликите меѓу гените што се зачувани во „Икс“ и „Ипсилон“ хромозомите, според објасненијата, може да им дадат на жените зголемена шанса за развој на Алцхајмерова болест.

Неодамнешните истражувања покажаа дека гените на „Икс“ хромозомот се поврзани со Алцхајмеровата болест, но и дека жените со оваа состојба живеат подолго од мажите со болеста поради нивниот втор „Икс“ хромозом.

- Многу гени за имунолошкиот систем и регулирањето на структурата на мозокот се наоѓаат на „Икс“ хромозомот, па затоа количините се разликуваат до одреден степен кај мажите и жените. Се чини, тоа има свое влијание, додаде Бонкоф.

Различните доминантни хормони кај жените - како што е естрогенот, кој делува на мозокот, исто така би можеле да имаат улога.

- Менопаузата е дел од сложувалката - веројатно еден од поголемите. Не велам дека е единствена- стареењето е релевантно само по себе и има многу интересни истражувања коишто го испитуваат тоа што стареењето му прави на имунолошкиот систем, што се чини дека има импликации за когнитивните промени, рече Бонкхоф.

За време на менопаузата, кога јајниците престануваат да произведуваат естроген и прогестерон, некои жени посегнуваат кон хормонска терапија. Практиката нуди олеснување за симптомите на пониски нивоа на хормони во менопаузата, како што се топли бранови. Но, кај некои жени може да го зголеми ризикот од несакани состојби - срцев и мозочен удар, рак на дојка, згрутчување на крвта и заболувања на жолчното ќесе, според Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

Таа терапија за ублажување на менопаузата покажала еден од знаците на Алцхајмеровата болест, и според Рејчел Бакли, вонредна професорка по неврологија на Харвард.

- Акумулацијата на протеинот „тау“ е белег на Алцхајмеровата болест. Тие, исто така, претрпеле поголем когнитивен пад. Работиме со многу секундарни податоци што веќе постојат, и тоа е одлично, но постојат ограничувања во тоа што може да направиме со нив. Се обидуваме да видиме дали можеме да поставиме нов дизајн на истрасжувањето, каде што навистина ќе може да го разгледаме времето на менопаузата, што се менува во крвта, што се менува во мозокот, што се менува во когницијата и како тоа може да биде поврзано со опасностите во подоцнежниот дел од животот, рече Бакли.

Новите научни наоди се објавени во списанието „Сајенс адвансес“ (Science Advances). Но, во написот, Бакли вели оти се потребни и натамошни научни истражувања за сѐ тоа да се разјасни поподробно.

Лавров викендов во посета на Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров викендов ќе ја посети Северна Кореја, пренесоа денеска руски дипломатски извори и севернокорејската државна агенција КЦНА.

Лавров викендов во посета на Северна Кореја

Лавров ќе ја посети Демократска Народна Република Кореја од 11 до 13 јули, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, користејќи го официјалното име на Северна Кореја.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА претходно денеска јави за патувањето, додавајќи дека Лавров доаѓа на покана на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Посетата на високиот руски функционер доаѓа месец и половина по посетата на секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, на Пјонгјанг, по повод првата годишнина од договорот за меѓусебна одбрана потпишан меѓу двете земји.

Москва и Пјонгјанг ја зајакнаа воената соработка во последниве години, при што Северна Кореја обезбеди оружје и сили за поддршка на руската војна против Украина. Двете земји потпишаа договор за меѓусебна одбрана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја минатата година.

Контингент севернокорејски војници учествуваше, заедно со руската војска, во борбите против украинските сили во рускиот регион Курск, кој беше делумно окупиран од украинските сили од летото 2024 година. Русија соопшти дека украинските сили се повлекле од таа област во април.

Пјонгјанг во април за прв пат потврди дека распоредил сили на тој фронт, заедно со руската војска.

За Лим Еул Чул, професор на јужнокорејскиот универзитет Кјунгнам, зачестеноста на директните контакти меѓу високи руски функционери и Ким Џонг Ун е „многу невообичаена“.

- Разговорите би можеле да вклучуваат подготовки за посета на севернокорејскиот лидер на Русија, изјави тој.

притисни ентер