Голем пожар во делчевско и пехчевско, граѓаните бараат помош и преку социјалните мрежи

Драматична е ситуацијата во пехчевско и делчевско...Голем пожар со огромна брзина се движи кон археолошкиот локалитет Света Петка во Пехчево..

Драматична е ситуацијата во Пехчево и Делчево, откако огромен пожар кој попладнево избувна се заканува да се прошири кон околните села. Помош се бара и преку социјалните мрежи, а дел од видеата кои се објавуваат покажуваат дека состојбата е крајно алармантна

Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски за Канал 5 вели дека ситуацијата од терен е страшна бидејќи постои голем ризик од ширење на пожарот кон локалниот пат. Тој воедно вели дека сите противпожарни екипи се на терен, а дополнителна помош чекаат од армиските хеликоптери како и од најавената помош од соседна Бугарија. Алармантна е ситуацијата и во Берово.

Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека ситуацијата во Пехчево е сериозна, бидејќи ветерот е клучен фактор кој го отежнува гаснењето на пожарот кој се заканува да ги проголта куќите во околните села.

Трет ден, пожарникарите и припадниците на армијата не можат да го скротат пожарот кој беснее во месноста Пасјак во делчевско. Градоналачникот на Делчево Горан Трајковски вели дека во гаснење за пожарот учествуваат над 250 лица, како и огромен дел на жители од околните села.

Во моментот во земјата се активни неколку пожари а помош во справувањето со истите Македонија досега доби од Србија од каде пристигнаа четири хеликоптери кои веќе беа на терен. Помош покрај од Србија и Бугарија, најавена е и од Словенија.

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер