Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Британија

Денеска во Британија се регистрирани 938 нови случаи на коронавирус, втора највисока дневна бројка од јуни, соопшти британското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во земјата сега изнесува 305.623, објави Ројтерс.

Последниот врв на епидемијата беше на 29 јули, кога беа регистрирани 995 лица заразени со корона, најголем број од 16 јуни.

Доделени наградите „Никола Младенов“ за 2023 година

Новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска-Јовановиќ доби пофалници за истакнат новинарски ангажман во категоријата најдобра истражувачка сторија, како дел од доделувањето на наградите „Никола Младенов“ за 2023 година.

Мирчевска Јовановиќ пофалницата ја доби за серијата прилози за Законот за амнестија на лицата со посебни потреби кои го прекшија полицискиот час за време на ковид кризата.

Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2023“, за сторијата „од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“.

Борел бара 90 отсто од приходите од замрзнатиот руски имот да се искористат за купување оружје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел побара речиси целиот приход од замрзнатиот руски имот да се искористи за купување оружје за Украина.

Тој пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што ќе се одржи на 21 и 22 март, изјави дека ќе предложи ЕУ да искористи 90 проценти од приходот д замрзнатиот руски имот во Европа за купување оружје за Украина преку Европскиот фонд за мир.

Додека останатите десет отсто да се порефрлат во буџетот на ЕУ, кои ќе бидат искористени за зајакнување на капацитетите на украинската одбранбена индустрија.

Колегиумот на комесари на 5 март го одобри заедничкото соопштение на Европска комисија и Борел за новата европска одбранбена индустриска стратегија (ЕДИС), која покрај заедничките набавки, предлага зголемување на капацитетот за производство на муниција и инвестирање во понатамошниот развој на таа гранка на индустријата. /МИА

Поддршката за ЦДУ/ЦСУ се намали под 30 отсто за прв пат од декември минатата година

Поддршката на ЦДУ/ЦСУ се намалила под 30 отсто за прв пат од декември минатата година, покажа истражувањето на Институтот за нови општествени одговори (Инса)

Доколку федералните избори во Германија се одржат следната недела, Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦДУ/ЦСУ) би добиле 29,5 отсто од гласовите, што значи дека поддршката на ЦДУ/ЦСУ се намалила под 30 отсто за прв пат од декември минатата година, покажа истражувањето на Институтот за нови општествени одговори (Инса) за германскиот дневен весник „Билд“.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) доби еден и пол процентен поен, па поддршката за оваа партија се зголеми на 16 отсто. Последен пат социјалдемократите имаа толкава поддршка беше во јануари 2024 година.

Алтернатива за Германија (АфД) има поддршка од 19,5 отсто од граѓаните, што е за еден процент повеќе. Зелените имаат поддршка од 12,0 отсто од гласачкото тело, додека Партијата на слободни демократи (ФДП) загуби половина процент и има поддршка од 5,0 отсто од граѓаните.

Сојузот „Сара Вагенкнехт - За разум и правда“ со поддршка од 6,5 отсто, Левица со 3,5 отсто поддршка и Слободни избирачи со 2,5 отсто поддршка ги задржаа вредностите од претходната недела. Другите партии заедно поддржуваат до 5,5 отсто од гласачите. /МИА

притисни ентер