Голем метеж пред банките и маркетите денеска во Прилеп

Ниту дополнителните владини мерки ниту препораките на надлежните здравствени установи  па и на локалните власти не  се доволни за прилепчани за опасноста од ширењето на корона вирусот.

И додека бројот на заразените и на оние кои се во домашен карантин  се зголеми на 180  денеска пред банките  и пред некои маркети долги редици. Во создавањето на редот се вклучија и општински редари и полицајци, но се чини безуспешно.

Локалните власти бараат од банките да направат реорганизација на работата бидејќи на овој начин само се создаваат нови потенцијални жаришта.

Денеска а особено утре по отпочнувањето на полицискиот час ќе се интензивира дезинфекцијата на улиците, на институции и на други организации. Од маркетите и драгсторите и пиљарите  се бара подобра организација во работата особено за петок кога граѓаните ќе треба дополнително да се снабдат со храна и за сабота и за недела. 

притисни ентер