Годинава се очекува да бидат откупени 12,5 проценти повеќе тутун од лани

Во однос на откупната цена, можам да кажам дека просечната откупната цена на тутунот е 252,8 денари за килограм и е повисока за 26,12 проценти во однос на 2021 година, кога беше 200, 44 денари за килограм.

Од понеделник почнува откупот на тутунот од реколтата 2022 година. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, потенцираше дека динамиката за откуп е многу поголема во споредба со претходната година. Согласно Законот за тутун, производи на тутун и сродни производи, откупот на тутун произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна до 15 декември во тековната производна година, а завршува најдоцна до 28 февруари во наредната годна, односно најдоцна до 31 март за вишок на производен тутун на договорените површини за тутунопроизводство.

Оваа година, како што рече премиерот, откуп на тутун ќе вршат десет компании кои се пријавени на 200 откупни центри и пунктови низ државата.

Ковачевски додаде дека податоците покажуваат оти оваа година има повеќе склучени договори за откуп на тутун за разлика од претходната година. Според него, за реколта 2022 година се склучени 29.653 договори што е за седум проценти повеќе од лани, кога имало 27.712 договори. Тој напомена дека пораст има и кај договорената површина, каде има зголемување за 14,14 проценти.

Оваа година, како што рече премиерот, се очекува да бидат откупени 21.000 тони тутун, што е за 12,5 проценти повеќе од лани, кога беа откупени 18.660 тони. Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.

– Во однос на откупната цена, можам да кажам дека просечната откупната цена на тутунот е 252,8 денари за килограм и е повисока за 26,12 проценти во однос на 2021 година, кога беше 200, 44 денари за килограм, рече Ковачевски.

Тој додаде дека последните пет години има историски највисоки откупни цени на тутунот, нагласувајќи дека за разлика од 2014 година кога откупната цена изнесуваше 117,2 денари за килограм, оваа година цената е повисока за 115,7 проценти.

– Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо производство. Сите овие статистички и релевантни податоци се показател за една работа, а тоа е дека мерките кои оваа Влада ги презема за оваа стратешка извозна гранка, дават позитивни резултати, додаде Ковачевски.

Премиерот напомена дека мерките кои континуирано се носат во координација со Министерство за земјоделство, како што беше новиот модел за зголемени субвенции за тутунот, според кои субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и дополнителните класи, ги мотивираат тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун за да остварат повисоки субвенции.

Како што рече Ковачевски, според последните податоци од Платежната агенција, за реколтата 2021 година исплатени се над 21 милион евра за субвенции за тутун на 17.245 лица.

– Паралелно со новиот модел за субвенции се донесе и нов Закон за тутун и производи од тутун со кои се решија отворените прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун, односно се укинаа евидентните листови и се изврши усогласување на календарот на активностите со роковите за пријавување на производството на тутун. Покажавме што значи сериозност и посветеност на една држава кон земјоделските производители и кон една цела земјоделска гранка, како што е тутунопроизводството, додаде премиерот.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер