Главниот советник на британската Влада со препорака за пресврт во борбата со коронавирусот

Велика Британија би можела да се врати на стратегија за „имунитет на стадо“ ако заразениот премиер Борис Џонсон ги послуша советите на неговиот главен советник на коронавирусот, професорот Греам Медли.

Тој рече дека единствениот излез од оваа здравствена криза е да се соберат доволно луѓе да се заразат и со тоа да станат отпорни на вусот, а сега тврди дека досегашниот пристап за воведување на радикални ограничувања ја стави Велика Британија во тежок ќорсокак.

Според „Дејли меил“, сегашните ограничувања нема да ја извлечат земјата од пандемијата, таа само ќе се забави на краток рок, но во исто време ќе ја донесе британската економија на колена. Галопирачката невработеност, порастот на случаи на семејно насилство и многуте проблеми со менталното здравје на кои никој не им обрнува внимание, би можеле, според предвидувањата на Медли, да го парализираат нормалното функционирање на општеството.

Научникот тврди дека на 13 април, кога треба да се ревидираат мерките, Џонсон ќе мора „да донесе голема одлука“.

Сепак, британската влада се чини дека не размислува за олабавување на карантинот, и ова е поткрепено со неодамнешните изјави на министерот за здравство Мет Хенкок, кој вчера ги предупреди сите да ги почитуваат ограничувањата на дисциплиниран начин.

Тој побара од Британците да останат дома во пресрет на убав и топол викенд, бидејќи Велика Британија, со повеќе од 3.600 жртви, ја надмина и Кина.

Друг владин советник, професорот Нил Фергусон од Империал колеџ, рече дека се надева оти мерките што се во моментот на сила може да бидат укинати на крајот на мај, но дека „тоа сигурно нема да биде враќање во нормала“.

- Мислам дека никој не сака да ги укине мерките во овој момент и да ризикува уште полоша епидемија. Доколку забележиме значителен пад на бројот на заразени лица, тогаш владата ќе разгледа дали мерките можат да се ублажат , но на начин што е безбеден и гарантира дека епидемијата ќе опаѓа - рече Фергусон, пренесува Дејли Меил.

Тие потсетуваат дека методот „имунитет на стадо“ е мерка на која се сметало на почетокот. Властите во тоа време веруваа дека е мудро да се дозволи 80 проценти од населението да се зарази со коронавирус.

Имунитетот на стадото се јавува кога доволно луѓе се имуни на заразната болест, до тој степен што веќе не можат да претставуваат опасност за другите. Концептот беше воведен во британската фразеологија кога го споменал главниот владин советник за наука, Сер Патрик Валанс.

Два дена подоцна, британските власти негираа дека тоа е официјална политика на земјата, велејќи дека тоа е „само научен концепт“.

Но, професорот Медли сега предупредува дека овој контроверзен метод може да биде единственото решение.

Според него, тестовите за антитела покажале дека лицето кое имало вирус може да биде имуно, но исто така рече дека никој досега не користел ваков пристап во пандемијата.

- Оваа болест е толку гадна што треба да ја прекинеме. Но, некако се затворивме во ќорсокак и прашањето е што ќе правиме сега. Владата има да донесе голема одлука. , рече Медли, професор во познатата лондонска школа за хигиена и тропска медицина.

Медли објаснува дека може да има огромна штета ако продолжи концептот на карантин, како економски, така и за оние што се поврзани со семејна злоупотреба, сиромаштија и психолошки проблеми.

притисни ентер