Главниот обвинител на Хаити бара за убиството на претседателот да се обвини премиерот

Главниот обвинител на Хаити побарал од истражниот судија да го обвини премиерот Ариел Хенри за убиството на претседателот Џовенел Моис и побара забрана за напуштање на земјата.

Оваа наредба е издадена истиот ден кога го повикал премиерот Хенри да се сретне со него и да му објасни зошто клучниот осомничен за атентатот на претседателот Моис му се јавил двапати само неколку часа по атентатот.

„Има доволно компромитирачки елементи за да му се суди на Хенри и да се побара обвинение“, рече обвинителот Бед-Форд Клод.

Тој додаде дека повиците биле упатени на 7 јули во 4:03 часот и 4:20 часот наутро и додаде дека доказите покажуваат дека осомничениот Џозеф Феликс Бадио во тоа време бил во близина на неговиот дом.

Бадио порано работел во владината единица за борба против корупцијата, се` додека не бил отпуштен под обвинение за кршење на етичките прописи.

Во документот се наведува дека повиците траеле вкупно седум минути и дека премиерот Хенри во тоа време бил во хотелот Монтана во главниот град на Хаити.

Да потсетиме, претседателот на Хаити беше убиен на 7 јуни во вооружен напад.


Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер