Главниот американски епидемиолог: Занемарувањето на препораките е рецепт за катастрофа

Ненадејниот скок на бројот на ново заразени со ковид-19 во САД во најголем дел е предизвикан од игнорирање на препораките за одржување растојание и маски за носење, рече главниот експерт на Управата за инфективни болести на САД.

Дневниот скок на случаи на инфекција е најизразен во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеле препораките на здравствените власти да почекаат да падне бројот на заразени пред да се отвори економијата.

„Тоа е рецепт за катастрофа“, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за телевизијата Си-Ен-Ен.

„Сега ги гледаме последиците од ширењето на заразата во заедниците што е многу потешко да се запре отколку ширењето во познати локации, како што се затворите, старечките домови или погоните за преработка на месо“, рече Фаучи за Си-Ен-Ен.

Заразени од коронавирус во САД има повеќе од 2,5 милиони, а повеќе од 125.000 луѓе починале од ковид-19, според „Ројтерс“ и тие бројки се највисоки во светот.

Во светски рамки, бројот на починати од пандемијата на „ковид-19“ вчера надмина половина милион.

Калифорнија вчера нареди затворање на голем број барови, прв голем чекор наназад во напорите за повторно отворање на државната економија, а претходно во петокот Тексас и Флорида наредија затворање на сите барови. Аризона и Џорџија забележаа рекордно зголемување на бројот на нови инфекции минатата недела.

Здравствените власти на САД размислуваат „брзо да ги опфатат оние заедници на места каде што нагло се зголемува бројот на заразените, за да се утврди степенот на епидемијата, да се идентификуваат заразените и да побараат од нив да останат доброволно во карантин“, рече Фаучи.

Фаучи изјави дека е оптимист во врска со можноста за добивање на вакцината до крајот на годинава, но предупреди дека ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс вчера ги замоли Американците да носат маски за време на посетата на Тексас. Самиот Пенс носеше маска што претставува значаен пресврт за администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп , кој одбива да го покрие лицето во јавност.

Папата Франциск во Ирак се сретна со шиитскиот духовен лидер

Како дел од неговата прва посета на Ирак, денеска папата Францис се состана со големиот ајатолах Али Систани, врховен верски водач на шиитите и апелира на важноста на одржливиот соживот во земјата опустошена од насилство и секташки конфликти.

Средбата на папата Франциско и Али Систани во светиот град Наџаф за време на ризичната турнеја на папата во Ирак, претставува прва и историска средба на папа и највисок шиитски духовен водач. Државната телевизија Ехбарија го покажа големиот конвој на Папата како се движи низ Наџаф, додека децата стојат покрај патот веејќи со ирачки и ватикански знамиња, пренесува Ројтерс.

По 55-минутната средба со Систани, папата Франциско се упати кон урнатините на древниот град Ур, кој се смета за роден град на Абрахам, татко на јудаизмот, христијанството и исламот, каде треба да одржи говор на меѓуверскиот состанок. После тоа, Папата ќе се врати во Багдад, каде што ќе ја води мисата во катедралата Свети Јосиф.

Систани е една од најважните фигури во шиитскиот ислам, како во Ирак, така и на други места во светот. 90-годишниот Систани ретко одржува состаноци и одбива да разговара со ирачките сегашни и поранешни премиери, велат блиски официјални лица. Систани се согласил да се сретне со папата, но без присуство на ирачки официјални лица, изјавил извор од претседателскиот кабинет.

Средбата со Франциск се одржа во скромниот дом на Систани во Наџаф, каде што престојува со децении.

Систани, кој претставува митски водач кај милиони шиитски следбеници, интервенирал за време на критичните ситуации во Ирак, кога земјата премина од една во друга криза.

Патнички авион принудно слета во САД - повторно проблеми со Боинг 737

Компанијата „Американ ерлајнс“ вчера објави дека Боинг 737 МАКС кој летал од Мајами до Њу Џерси бил итно приземјен откако капетанот исклучил еден од моторите поради можен технички дефект.

Авионот на летот број 2555 од Мајами со 95 патници и шест члена на екипажот безбедно слетал на аеродромот во Њуарк без инциденти, објави авиокомпанијата.

Евентуалниот дефект е поврзана со индикаторот за притисок или волумен на маслото во моторот и не е резултат на ништо поврзано со системот MCAS, кој претходно беше поврзан со две уривања на авиони 737 MAX во 2018 и 2019 година, поради што на овие авиони им беше забрането да летаат 20 месеци. Федералната агенција за авијација (ФАА) е известена за случајот и ќе испита за што точно станува збор.

Американ ерлајнс е прва американска авиокомпанија која ги врати авионите 737 MAX кон крајот на минатата година по одобрувањето на FAA.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лага, Мицкоски повторно е поразен

Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, се наведува вбо партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер.

Лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство се наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата".

Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата.

Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните и за иднината на нашата држава.

притисни ентер