Гласањето непречено, одѕивот до 9:00 часот од пет изборни единици 5,19 отсто

Навреме се отворени сите гласачки места во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот. Се гласа на 3.480 избирачки места, а на 90 има помалку од десет гласачи така што тие се изјаснуваат во најблиското гласачко место.

Гласањето на предвремените парламентарни избори во првиот час и половина минува непречено, а одѕивот на гласачите според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места, каде гласале 94.167 гласачи е 5,19 отсто, информираше портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција.

Навреме се отворени сите гласачки места во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот. Се гласа на 3.480 избирачки места, а на 90 има помалку од десет гласачи така што тие се изјаснуваат во најблиското гласачко место.

Во ИЕ 1 одѕивот на гласачите е 6,58 отсто. Најмногу гласачи до 9:00 имало во општина Аеродром каде одѕивот е 10,13 отсто, додека најмал е одѕивот во Студеничани – 1,81 отсто.

Во ИЕ 2 одѕивот е 4,58 отсто. Највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.

Шабани не ги соопшти податоците од изборната единица 4.

Во ИЕ 3 одѕивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

Во ИЕ – 5 одѕивот е 5,22. Највисок е одѕивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.

Во ИЕ – 6 одѕивот на гласачите е 2,59. Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто.

Право на глас на овие избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи.

Шабани информираше дека во понеделникот правото на глас го искористиле вкупно 723 граѓани позитивни на Ковид -19 и во самоизолација.

Од вкупно 8.852 болни, немоќни и хронично болни чии пријави беа прифатени гласале 8.325 односно 94, 04 отсто

Во 13 Казнено-поправни домови од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто. Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто. Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.

Шабани на првата прес-конференција на изборниот ден потсети гласачите дека согласно Изборниот законик и Упатството на ДИК, своите гласачки ливчиња треба да ги обележат со заокружување на редниот број пред подносителот на листата за којшто сакаат да гласаат со хемиско пенкало со сина боја.

-Граѓаните имаат право доколку е нарушено нивното изборно право до изборните органи да поднесуваат приговори односно до Општинската изборна комисија можат да поднесат приговор за заштита на личното избирачко право и приговор за заштита на избирачкото право во која било фаза од изборниот процес, додека ОИК е должна на граѓаните да им издаде соодветен формулар каде би можеле да го поднесат приговорот, но и да им помогне да ја пополнат апликацијата за поднесување на приговори www.prigovori.sec.mk, истакна Шабани.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 55 44 на којшто заинтересираните граѓани може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК, но притоа ќе мора да ги остават своите податоци од причина што на таков начин би можеле да добијат одговор од страна на ДИК.

Во однос на комуникацијата на граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите, денеска е активен и телефонскиот број 076 488 360 на којшто овие граѓани преку видео повик може да постават прашање до ДИК и да добијат одговор користејќи го знаковниот јазик.

Сите останати граѓани, како што потсети Шабани, на располагање ќе ги имаат и веб – страната на ДИК www.sec.mk, профилите на Фејсбук и Твитер и јутуб каналот.

Следната прес-конференција на ДИК е во 11:30 часот.

Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, на која се очекува да се дискутира за Информација за потребата на доделување на Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

Како што стои во образложението објавано на собраниската веб страна за Информацијата потпишана од министерката за одбрана Славјанка Петровска, Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.

-Врз основа на член 8 став 5 од Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста и член 13 од Уредбата за начинот на доделување на договори со влади на странски држави и Извадокот од Нацрт-записникот од 12-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 26 март 2024 година, со број 41-3655/2 од 26 март 202 година, предметниот материјал има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија за потребата на доделување на Амандман број 5 Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, се вели во Информацијата.

Имено, Министерството за одбрана на Република Македонија со Стратегиски одбранбен преглед ги согледа потребите за реформа на одбранбениот сектор за негова интеграција во НАТО. Со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности се трасира патот на реформите во одбрана и дава рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија за постигнување на целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

-Еден од клучните проекти за опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника е проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала, кој е предвиден да се реализира во периодот 2019-2027 година. Со Извадок од Нацрт-записникот од Деведесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 25.09.2018 година, донесен е заклучок со кој се задолжува Министерството за одбрана во соработка со Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, да ги искористи можностите кои ги нуди Програмата за набавка на нова и современа опрема со западни платформи ERIP (European Recapitalization Incentive Program), потребна з аопремување на декларираните сили, посебно за лесната пешадиска баталјонска група, стои во Информацијата.

Во Информацијата се посочува дека со Извадок од Нацрт-записникот од Сто и седумдесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на 24 декември 2019 година, Владата донесе заклучок се го прифати Договорот со владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија согласно Писмото за понуда на прифаќање на понудата (Letter of Offer and Acceptance-LOA0 FMS Case MK-B-UCC од 12 декември 2019 година.

-Целокупниот проект се однесува за набавка на 96 лесни оклопни возила JLTV од производителот OSHKOSH. Во периодот од 2019 година заклучно со 2023 година, во однос на предметната набавка досега се склучени четири Амандмани кон договорот и вкупно се порачани 71 лесно оклопно возило JLTV. На ден 22 март 2024, од Владата на Соединетите Американски Држави добиен е Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, кој се донесува на набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила, со што ќе се комплетира набавката на овој вид на возила, се вели во Информацијата.

Се посочува дека Управната група во Министерството за одбрана го разгледала Амандманот број 5 и донесе заклучок дека текстот е усогласен помеѓу Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во Република Македонија и Министерството за одбрана, Амандманот 5 е во согласност со писмото за барање за конкретна набавка, претходните одлуки на Програмска и Управна група во Министерството за одбрана за набавка на лесни оклопни возила на трката JLTV, со што се исполнети условите од членот 11 од Уредбата, односно ги содржи елементите утврдени со ФМС процедурите и истото претставува договор за набавка и да продолжи постапката и пред Владата на Република Македонија, со цел негово донесување.

-Со набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила JLTV и со склучувањето на Амандман 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, ќе заврши првата фаза за опремување на Армијата и лесната пешадиска баталјонска група со лесни оклопни возила на тркала JLTV, набавката ќе се изведе поекономично и поефикасно и како краен резултат ќе се реализираат причините поврзани со интероперабилноста на меѓународни операции и мисии, нужните потреби за функционирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни операции и мисии, со што сметаме дека се исполнети условите утврдени во член 4 став 1 алинеја 1, 2, 3 и 6 од Уредбата, се посочува во Информацијата.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

притисни ентер