Ѓорѓиевски: За половина мандат радикални промени се случија во Кисела Вода

Над 90% имаме реализација во К.Вода, немаат за што да ме нападнат и ми се нафрлија зошто сум седнал во кафеана организирана од други.

Покажавме дека можеме на многу поинаков начин да ја водиме општина К.Вода , слепо црево беше тој дел на Скопје, а е најстарата општина на градот, радикални промени се случија за не цел мандат.

Над 90% имаме реализација во К.Вода, немаат за што да ме нападнат и ми се нафрлија зошто сум седнал во кафеана организирана од други, а Премиерот видовме како се весели во странство платено со народни пари. На Орце не му ја платија граѓаните кафеаната, а на Премиерот претпоставувам дека таа случка таму му ја платиле граѓаните. Во услови кога имате населени места каде нема канализациона инфраструктура, луксузирање и непродиктивно трошење пари не е дозволиво.

Во врска со сообраќајните решенија, успешен е конкурост, има 5 или 6 трудови стигнати во општината, вклучени се сите релевантни чинители, нема да има 100 згради, но ќе има зелен појас, градинка, училиште и факултет, истакна градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во вечерашната Само Вистина.

Принцезата Кејт за прв пат во јавноста по објавата дека боледува од рак

Британската принцеза Кејт Мидлтон е видена во јавноста за прв пат по шест месеци, откако во март објави дека боледува од рак.

Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, пишува Mirror.

Таа на прославата пристигнача заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, пренесува Танјуг.

Во Велика Британија се славеше официјалниот роденден на кралот Чарлс, а на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон ќе учествуваат повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи.

Кралското семејство беше собрано на балконот на Бакингемската палата над кој ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.

Адидас истражува голем корупциски скандал во Кина

 Германскиот производител на спортска опрема Адидас истражува огромен скандал со наводна корупција во Кина, проценет на неколку стотици милиони евра, а осомничените се локални вработени во групацијата, објави денеска британскиот весник Фајненшл

Во писмо, наводно напишано од „вработени во Адидас во Кина“, се именувани неколку кинески вработени, вклучително и извршен директор, во одделот за маркетинг буџет на компанијата.

Во документот, кој кружеше на кинеската социјална мрежа во текот на јуни, се наведува дека корупцискиот скандал „тежи“ 250 милиони евра.

Британскиот весник наведува дека документот го обвинува персоналот на Адидас за примање поткуп од даватели на услуги овластени од германската групација.

Менаџер на „Адидас“ во Кина е обвинет дека примил „милиони готовина од добавувачите, како и имот, вклучително и недвижен имот“.

Адидас, кој влезе на пазарот во Кина во 1997 година, во минатото се прошири на повеќе од 10.000 продавници. Сепак, последниве години, Адидас се соочи со подемот на локални брендови, вклучувајќи ги Анта и Ли Нинг.

Фото: Ивана Нол позираше на стадион во новото издание

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол, блесна  на Олимпискиот стадион во Берлин.

Атрактивната навивачка се појави во ново карирано издание со кое испрати порака за поддршка на нејзините„огнени“.

Кнол веднаш по појавувањето го го привлече вниманието на публиката на стадионот, и насмеано им позираше на фотографите.

Потоа Ивана се фотографирала со фановите.

притисни ентер