Ѓорѓиевски на годишното Собрание на МАНУ - Канал 5

Ѓорѓиевски на годишното Собрание на МАНУ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Ѓорѓиевски на годишното Собрание на МАНУ.

Ѓорѓиевски на годишното Собрание на МАНУ

На покана на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од редовното годишно Собрание на оваа највисока научна институција во земјава. Настан кој, покрај резимето на академските достигнувања, ја отвори и неопходната дебата за системските предизвици и реформите кои ни претстојат.

-Дозволете ми да се заблагодарам на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, за поканата да бидам дел од редовното годишно собрание на оваа највисока научна институција во земјава.

Годишното собрание на МАНУ оваа година започна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во несреќата во Кочани – трагедија што нè потресе сите и што ни ги отвори очите кон одредени системски слабости кои бараат итни и суштински решенија. Во вакви моменти, кога сите погледи се свртени кон болката и загубата, се отвора и прашањето – како да спречиме вакви трагедии да се повторат?

Академската заедница е еден од клучните столбови врз кои треба да се потпреме при носењето на издржани и квалитетни решенија. Токму научно заснованите анализи и предлози можат да помогнат во креирање на политики кои ќе донесат вистински и трајни промени.

Очигледно е дека е неопходно темелно „ресетирање“ на системот, со значителни законски измени и реформи кои ќе ја зголемат ефикасноста, безбедноста и координацијата меѓу институциите. Поддршката од академиците, од научната и стручната јавност, ќе биде од исклучително значење за креирање на нови, одржливи модели кои ќе ја подобрат безбедноста, инфраструктурата и реакцијата во итни ситуации.

Креирањето и реализацијата на проекти во насока на планирањето на иднината на Република Македонија, кои беа во фокусот на денешното годишно собрание, само потврдува дека МАНУ останува вистински чувар на знаењето и прогресот. Успесите на академиците во изминатата година се доказ дека токму преку наука и аналитичен пристап, можеме да креираме одржливи и долгорочни решенија.

Како претседател на ЗЕЛС, уверувам дека локалната самоуправа е подготвена за блиска соработка со академската заедница. Преку заеднички напори, можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците со кои се соочуваме, но и да поставиме темели за посигурна и подобра иднина за сите граѓани-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

ЗЕЛС и Општина Кисела Вода

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер