Ѓорѓиев: Обезбедени 4 финансиски инструменти за изградба на приватни градинки

Бизнис секторот заинтересиран за изградба на приватни градинки ќе може да користи средства од евтината кредитна линија преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), револвинг кредитната линија што ја спроведува Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), посебниот кредитен гарантен фонд, како и од кредитниот инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека Владата ги обезбедила четирите финансиски инструменти за реализација на инвестиции на приватниот сектор во изградба и стопнисување со приватни градинки, со што се заокружува целиот концепт што го понуди и може да стартува реализацијата.

Од кредитната линија од ЕИБ во износ од 100 милиони евра на располагање се уште 22 милиони евра, а ќе може да користат пари и од новата линија што ќе биде пуштена кон крајот на годината и во текот на следната година. Тоа, според Ѓорѓиев, е најдобрата кредитна линија што ја користат над 90 проценти од компаниите во Македонија. Може да се подигнат средства во износ од 10.000 до 3,5 милиони евра, со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти што ја субвенциниора државата. Рокот на отплата изнесува 8 години, со грејс период од 24 месеци.

- Парите ќе може да се користат за изградба на градинки, за доградба и реконструкација на веќе постоечки и набавка на опрема и покривање трошоци за плати и изработка на развојни планови, односно користење на 30 проценти од средствата како обртни средства, рече портпаролот на Владата.

Со револвинг кредитот, пак, ќе може да се подигнат средства виовисина од 50.000 евра до 400.000 евра, со период на отплата од 6 години и грејс период од 12 месеци и фиксна каматна стапка од 6 проценти. Предност на тој финансиски инструмент, според Ѓорѓиев, е што овие средства може да се подигнат за пократокот период затоа што не се на сметка на комерцијалните банки, туку на сметката на МБПР.

Преку кредитната линија со гарантна шема, на располагање се финансии во износ од 10.000 евра до 300.000 евра. За рокот на поврат на средтва има две варијанти. Доколку рокот на отплата е 2 години грејс периодт е 12 месеци, а ако е три години грејс периодт е 6 месеци. Каматната стапка е 6,75 проценти. Компаративна предност е што комерцијалните банки одлулуваат да го одобрат многу лесно затоа што државата преку МБПР учествува во гаранцијата на сервисирањето на обврските на субјектот што ќе ги добие средствата.

Со кредитниот инструмент за подршка на мали и средни преторијатија кредитната поддршка може да изнесува од 15.000 евра до 500.000 евра, рокот на отплата е 8 години, со грејс период од 12 месеци, а каматната стапка 6,5 проценти. Предност на тој инструмент е што е денарски, за разлика од останатите три коишто се девизни. Парите што ќе се подигнат ќе може да се користат како обртни во висина до 50 проценти.

- Со нудењето на овие 4 финансиски инструменти даваме дополнителна поддршка на бизнис заедницата заинтерсирана за изградба и стопанисување со градинки, наведе Ѓорѓиев.

Претходно Владата обезбеди почетна цена од евро за метар квадратен за градежно земјиште за изградба на приватни градинки, а ги намали и комуналиите за 95 проценти.

Први резултати од вештачењето на телефонот на мајката на Данка, избришени многу пораки

Првите информации од вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатиот Данке- Многу пораки и повици се избришани на денот на исчезнувањето! 

Прегледот на телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, откри шокантни информации.

Според неофицијални сознанија од истрагата до кои дојде српски Информер, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Според и ннформации на информер, многу пораки и податоци за повици биле избришани.

- Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата на податоци - вели изворот на Информер.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

притисни ентер