Ѓоргиевски: Кузмановска ги нема прикажано во анкетен лист приходите кои нејзиниот сопруг ги заработил од фирмата Енерџи винд

Наместо живот за граѓаните, Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници, а на граѓаните им донесе беда.

Цветанка Иванова не единствената пратеничка на Заев кон која бил дарежлив со доделување привилегии и тендери на семејните фирми. Семејната фирма за производство на електрична енергија на пратеничката Катерина Кузмановска исто така милионски се офајдила од Заев. Во октомври 2017, 4 месеци по доаѓањето на власт на Заев, Митко Кузмановски, сопругот на Катерина Кузмановска влегува како сопственик на фирмата Енерџи Винд од Струмица, фирма основана од неколку бугарски фирми на нивната домашна адреса, кои по влезот на Кузмановски излегуваат од сопственичката структура на Енерџи Винд.

По преземање на фирмата од Митко Кузмановски истата почнува да работи со “полна пареа”

Во 2017 година ЕНЕРЏИ ВИНД остварува ВКУПЕН ПРИХОД од 367.693.367 ден или над 6 милиони евра. Тоа е за 8 пати повеќе од приходите на фирмата пред да биде во сопственост на Кузмановски. ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА за таа година изнесува 3.701.694 денари.

Во 2018 година, кога Кузмановска треба да гласа промена на името, семејната фирма уште повеќе се засилува и остварува уште поголем вкупен приход од 760.642.559 ден или над 12 милиони евра.

Во овие 2 години (2017 и 2018 год) кога СДСМ е централна власт, сопругот на пратеничката Катерина Кузмановска остварува огромни приходи. Овие приходи таа ги нема пријавено во анкетниот лист за имотната состојба за избраните и именуваните функционери.

На 19.10.2018 година само навидум настанува промена на седиштето и сопственичката структура на ЕНЕРЏИ ВИНД. Митко Кузмановски излегува од сопствеништвото, а како сопственик во фирмата влегува БГМК Инженеринг од Струмица чиј управител е Христо Јануцев. Тоа шт боде очи е дека БГМК Инженеринг е основана со седиште на домашната адреса на Катерина и Митко Кузмановски. Освен тоа, еден од основачите на БГМК е и самиот Митко Кузмановски со уште една фирма Земјоделие север ДОО од Плевен, Бугарија.

На 29.10.2018 година од сопственик во БГМК излегува Митко Кузмановски. На 05.11.2018 година фирмата ЕНЕРЏИ ВИНД ја превзема фирмата БГМК која е загубар и во 2018 година, оставрува приход од 12 ден и пријавува загуба од 22.418 ден.

Ова е уште еден пример како Заев ја ограбува државата и им носи „живот“ на неговите најблиски соработници.

Дали излегувањето на Митко Кузмановски е само фрлање прав во очи за да се прикрие сопствеништвото во случај кога и новата фирма е адресирана на домашната адреса на пратеничката на Заев ?

Дали огромното зголемување на вкупниот приход на Енерџи винд во 2017 и 2018 година, се должи на политичкиот ангажман на пратеничката Катерина Кузмановска и доаѓањето на СДСМ на власт?

Зошто основачкиот влог при преземање на фирмите и остварените приходи на Митко Кузмановски не се прикажани во анкетниот лист на за имотна состојба на Катерина Кузмановска пратеничка во собранието на Република Македонија?

Како фирма загубар со остварени 12 ден. Приход во 2018 година, купува успешна фирма која за истиот период остварила вкупен приход од 12 милиони евра?

Почитувани,

Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Големи пожари на грчките острови Евија и Крит

Единица од Дирекцијата за справување со подметнати пожари, по наредба на началникот на Противпожарната служба на Грција, заминува за островот Евија за да ги истражи причините за пожарот.

Големи пожари избија денеска на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително го отежнуваше гаснењето и напорите, по неколку часа, огнените јазици да бидат ставени делумно под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Единица од Дирекцијата за справување со подметнати пожари, по наредба на началникот на Противпожарната служба на Грција, заминува за островот Евија за да ги истражи причините за пожарот.

Противпожарните сили дополнително биле засилени и на терен се вкупно 57 пожарникари, 20 возила, два пешадиски тимови, два авиони и еден хеликоптер.

На Крит, според локалните медиуми, пожарот бил во близина на населено место и делумно е ставен под контрола, а во гаснењето учествуваат 15 пожарникари со седум возила.

Заев на средба со граѓани: Рудник во Иловица нема и нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

При денешната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица.

Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица - Штука.

Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.

- Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.

Тој се осврна и на ветуваањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.

- ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштита на природата, не, само профит и пусти пари им се важни. Е затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, заклучи претседателот Заев.

Делчевчани подарија 48 крвни единици на денешната крводарителска акција

Успешно спроведена редовната крводарителска акција за месец јули во Делчево. Денес, како што информираа од делчевскиот Црвен крст, хуманите граѓани ја надминаа очекуваната бројка, при што делчевчани подариле 48 крвни единици.

– Акцијата која ја организираше Општинската организација на Црвен крст, може да ја окарактеризираме како успешна, бидејќи очекувавме од 30 до 40 крвни единици, но и покрај топлото време на наше изненадување и задоволство собравме безмалку 50 крвни единици, за што искрено им се заблагодаруваме на крводарителите, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Акцијата како што додадоа, се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и Одделението за трансфузиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев" од Делчево.

За време на реализирањето на крводарителската акција беа почитувани сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид-19.

притисни ентер