Ѓоргиев: Се што беше објавено за заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно

Се што беше објавено за работата на Комисијата и заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно.

Не сум го прочитал францускиот предлог и не знам што содржи, но се што беше објавено за работата на Комисијата и содржината на текстовите кои се усвоени за заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно, изјави копретседавачот во заедничката Македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, во врска со францускиот предлог и билатералниот протокол во кој наводно се бара измени на историски личности од наша страна во учебниците.

– Апсолутно не е точно она што е наведено во некои медиуми со она што е усвоено од страна на самата Комисија за заедничко честување на цар Самуил. Исто така, Комисијата никогаш не усогласувала текстови за да бидат тие ставени на различни спомен обележја, споменици или тврдини. Комисијата усвојува заеднички текстови за заедничко чествување на одредени личности и тие личности се познати и веќе два текста од нив се објавени во јавноста и тоа е она што го има направено Комисијата, рече Ѓоргиев.

Тој напомена дека комисијата ниту дава дозвола да бидат тие објавени на различни спомен обележја, ниту е тоа работата на комисијата. Како што рече, текстовите на комисијата се за заедничко чествување а не за спомен обележја

-Постои текст за заедничко чествување на цар Самуил кој е усвоен во 2019 година и вчера или завчера веќе беше објавен во дел од медиумите, а пред неколку месеци на една од средбите усвоен е и предлог препорака до владите како таа држава да биде претставена во учебниците по историја. Тие два текста немаат апсолутно ништо заедничко со она што е за жал објавено во некои медиуми и се пренесени во наши медиуми, без и малку критички да бидат анализирани, додаде Ѓоргиев.

Тој уште еднаш повтори дека работата на историската комисија не може да биде дел од процесот на политичките преговори. Тоа, како што рече, мора да биде паралелен процес и нема да биде органичен со рокови ниту врзуван со одредни императиви.

Маја Ангеловска Панова од Институтот за национална историја изјави дека самото прифаќање на францускиот предлог ќе претставува проблем, затоа што тоа ќе значи ревидирање на официјалната македонска историографија.

-Несомнено дека ова е преседан. Вакво нешто не постои во современите светски историографии на наметнување на нечиј наратив врз друг наратив, така што моето мислење е дека ова е едно агресивно однесување што не соодветствува со европските вредности, најмалку со вредностите што се применуваат во научно истражувачката работа, смета Панова.

Според историчарката, сега не можеме да зборуваме за импликациите за овој предлог, но истиот ќе има последици доколку се прифати, затоа што ќе значи комплетен ревизионизам и усогласување на ставовите онака како што тоа го налага бугарската историографија. Тоа, како што додаде, е недозволиво.

Пошумување на Глишички рид во Кавадарци

Пошумување на Глишички рид се реализираше денеска во близина на Кавадарци, акцијата беше во организација на кавадаречката локална  самоуправа, во соработка со еколошкото друштво ,,Еко - живот" и ученици од трите средни училишта во градот. 

Доне Илов, раководител на сектор за животна средина при Општината, рече дека шеста година по ред, се посадуваат садници на ерозивни подрачја.

- Пролетва ќе бидат продадени околу 2.5 илјади садници. Овојпат посадуваме багрем, додаде тој.

Претседателот на ,,Еко - живот", Роберто Паризов апелираше и други субјекти во општината, да се вклучат во вакви и слични еколошки акции.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека последниве години во Општина Кавадарци се реконструираше целата постоечка јавна зелена површина, но се подигнаа и нови, на повеќе локации, со вкупна површина од над 130.000 метри квадратни.

- По цели 60 години со целосен автоматски систем за наводнување и нови содржини, реконструиран е Градскиот парк Љупчо Шкартов. Кавадарчани добија и нов парк, Киро Крстев, изграден според сите светски стандарди и богат со урбана опрема и зеленило. Во паркот на револуцијата пак, никна нов Дендро парк, богат со разновидни видови на растенија.

Исто така и локалитетот 12 Ваташки младинци е целосно хортикултурно уреден, појасни тој.

Шеста година по ред, додаде, секоја пролет и есен се пошумуваат и околните ерозивни подрачја што го напаѓаат градот.

- Три години се пошумуваше на Журов дол во село Ваташа, во изминатите три години таму се посадија 40.000 садници од чемпрес и багрем. Изминатите две и оваа веќе трета година, се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници, информираше Јанчев.

Уапсени петмина новинари од независни медиуми во Русија

Петмина новинари кои работат за независни медиуми се уапсени синоќа и денеска во Русија, јави невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на репресијата во таа земја.

Околу полноќ полицијата ги приведе Екатерина Аникијевиќ од медиумот СОТА Вижн и Константин Жаров од РусЊуз, соопшти таа организација.

Жаров бил тепан од полицијата и му се заканувале со сексуално насилство, пренесе организацијата.

„Ме шутираа, ми ја ставаа ногата на глава, ми ги вртеа прстите, ме исмејуваа кога се обидов да станам“, рекол Жаров. Како што пренесува неговиот медиум Русњуз, тој кажал дека има повреда на главата, гребаници, изместени прсти и исчашувања.

Тој рече дека насилството било предизвикано поради снимањето во станот на другата новинарка Антонина Фаворскаја од СОТА Вижн, која синоќа била приведена веднаш по ослободувањето по 10 дена притвор поради непочитување на полицијата.

Синоќа е претресен станот на таа новинарка, како и нејзините родители, изјави нејзиниот адвокат Миахил Бирјуков.

Уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, кои дојдоа да ја земат својата колешка на излегување од затвор, исто така се приведени и однесени на распит, јави СОТА Вижн.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

притисни ентер