Реформите се важни пред се за самите нас, не за ЕУ. Структурни реформи без структурни пари, нема. Ние преку проекти ќе дојдеме до структурни пари и нашето поставување кон ЕУ треба да биде такво. Европа самата ги започна игрите пред петнаесетина години, прво почна „Европа на неколку брзини“, па „Европа на центар и периферија“. Тоа се неколку нафрлени работи и сега стигнавме до европска политичка заедница, а сето тоа го направи Макрон. Се надевам дека сега ќе се повлече. Ние немаме правна ртамка за ЕУ, туку уцена. Во втора фаза сме во договорот за стабилизација и асоцијација од 2001 година, а од 2008 година имаме Европско партнерство каде се оценуваат реформите во Македонија дали државата прогресира или регресира. Уставните измени се некаков предлог, кој што го прифати државата, а кој што не го прифати Собранието и не го верифицира. Да патуваме кон ЕУ преку подредена состојба, не е праведно. ВМРО-ДПМНЕ уште како опозиција бараше да се пролонгираат уставните измени, да се даде одложен рок, гаранција од ЕУ парламентот дека идентитетските прашања се недопирливи, идентитетот е недопирлив. Треба да се донесе декларација од нашиот Парламент дека ќе се држи до горенаведеното и дека Македонија не може да биде спречена на својот пат кон Унијата поради идентитетските прашања, рече Марјан Ѓорчев во Само Вистина.