Ѓорчев: Измените на КЗ имаат политички претекст; Гајдов: 44 опозиционери правеа кворум

Измените на КЗ дел од вечерашната дебата во Само Вистина.

Наместо унисон став и експертска дебата во Собрание, измените се туркаат преку ноќ. Закони кои се носат со европско знаменце, мора претходно да се проучат Очигледно е дека политичкиот претекст е пред правната димензија. Актуелната власт и менаџерите за кризи имаат цел раздор на партиското единство, рече Марјан Ѓорчев во Само Вистина.

Пратрниците на ВМРО-ДПНМЕ требаше да излезат надвор од собраниската седница и тоа не е политичка туку морална обврска, реплицира Гајдов. Замислете се укинува член злоупотреба на јавна функција. На патот до Охрид еден километар не е направен. Опозицијата со самото тоа што имаше 44 пратеници во собранието кои наместо да ја напуштат седницата, правеа кворум, тоа е на некој начин преќутно помагање,изјави Гајдов во Само Вистина.

Сиљановска: Горда сум на армијата, можеме мирно да спиеме

Граѓаните можат мирно да спијат, Армијата е на највисока воена готовност, рече денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, при годишниот брифинг на кој се презентираа реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2024 година. 

На брифингот претседателката Сиљановска Давкова истакна дека припадниците на Армијата во континуитет ја докажуваат својата професионалност, дисциплина и подготвеност, успешно вршејќи ги своите задачи и гарантирајќи ја безбедноста, стабилноста и националната одбрана, поради што армијата ужива највисока доверба и углед кај граѓаните.

На брифингот за борбената готовност на Армијата, кој беше затворен за јавноста началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски истакнал дека Армијата во тековната година успешно ги реализирала сите предвидени задачи, а со учеството на припадниците на Армијата во операциите предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации, се испраќа јасна порака за силната посветеност во одржување на мирот и стабилноста, соопштија од Министерството за одбрана.

На брифингот, присуствуваше и министерот Мисајловски, кој најавил дека и во следната година инвестирањето во одбранбените капацитети за потребите на Армијата, во персоналот, во нова современа опрема, во инфраструктура ќе продолжи со зголемен интензитет.

Според обврската преземена со члнеството во НАТО, земјава и следната година ќе издвои над 2% од БДП за одбраната, или околу 400 милиони евра.

Талески:СДСМ побара во итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, ДПМНЕ одби

СДСМ побара по итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, заради слабата реколта на тутунот, но ДПМНЕ овој предлог закон го одби.

- Со зголемувањето на субвенцијата ќе има дадеме поддршка на тутунопроизводителите за покривање на дел од трошоците и стабилизирање на приходите, особено кога родот е значително намален, а цената на тутунот е незадоволителна. Со овој предлог Закон на СДСМ, се предвидува тутунарите да добијат линеарна субвенција од 100 денари за секој килограм продаден тутун кај регистрираниот купувач без разлика на класификацијата при проценката. Со оглед на тоа дека лани имавме сличен ваков предлог закон, каде им се помогна на тутунарите да се справат со лошата реколта, која беше и лани, се покажа како ефикасна, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната седница во Собранието.

Тој потенцираше дека со повисоки субвенции земјоделците ќе имаат мотив да продолжат со одгледување на тутун и зголемување на производството, со што тутунот како важна гранка во нашата држава придонесува за развој на економијата, но и тутунопроизводството, како основен извор на приходи за повеќе од 20 илјади семејства кои ја одгледуваат оваа земјоделска гранка.

ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог закон за помош и поддршка на тутунарите, се наведува во партиското соопштение.

Топ конективност: Меѓународно жири на експерти ги наградува брендовиte на Stellantis

Меѓународно жири на експерти ги наградува брендовиte на Stellantis за воведувањето НА ChatGPT1 ВО нивните возила

Широк избор: ChatGPT1 сега достапен во повеќето патнички автомобили и LCV возила на Opel

Лесен пристап: ChatGPT1 активиран со едноставно кажување “Hey Opel”

Opel ги прави најдобрите технологии достапни и прифатливи за сите. Ова исто така беше препознаено од високопрофесионалното меѓународно жири на AUTOBEST. Новинарите од повеќе од 30 земји сега им ја доделија наградата "SMARTBEST 2025" на Opel и другите брендови на Stellantis за воведувањето на ChatGPT1 во нивните модели. Оваа награда ги признава иновативните решенија за конективност во возилата.

„Ние сме возбудени што ја добивме оваа награда“, изјави Ванеса Реп, потпретседател на Одделот за идни решенија/производи во Opel и Vauxhall. „Единствениот глас на независните новинари покажува дека нудиме возила со иновативни технологии кои го прават возењето поудобно, а истовремено ги прават достапни за потрошувачите. Ова се однесува на локално електрични погонски системи без емисии, како и интелигентните решенија за конективност како што е ChatGPT1.“

Со ChatGPT1, возачите и патниците на Opel имаат пристап до широк спектар информации од долга листа на теми вклучувајќи наука, биологија, исхрана, поп култура, музика и многу други. Во комбинација со навигацискиот систем, едноставно „Hey Opel“ е доволно за да се користи природното препознавање на говорот – кое сега стана уште поатрактивно благодарение на додавањето на ChatGPT1. Системот сега може да научи и самостојно да предложи дестинации и насоки за патување базирани на навиките на поврзаниот профил на возачот.

Opel моментално го воведува ChatGPT1 во новиот Opel Mokka, како и во многу други модели како што се новиот Opel Grandland, Opel Corsa, Opel Astra, Opel Astra Sports Tourer, Opel Combo и Opel Zafira.

Покрај тоа, Opel Combo и Opel Vivaro лесните комерцијални возила исто така се достапни со вештачката интелигенција чатбот.

притисни ентер