Ѓорчев: Илјадници граѓани без пасошите, лични карти, регистрации и свидетелства

Деновиве го гледаме огромното фијаско на оваа власт на Зоран Заев, на Мила Царовска и Оливер Спасовски, со тоа што за илјадници граѓани нема свидетелства, нема лични карти, нема пасоши, нема возачки дозволи, нема регистарски таблици, пунктовите за вакцинација веќе неколку дена наназад се затворени.

Основните работи во Македонија веќе не функционираат, за жал оваа политика на Зоран Заев на просење и питачење на буквално барање милостија за било што не доведе до тоа да државата не може да ги сервисира основните потреби на граѓаните.

Внимавајте имаме ситуација во којашто заврши учебната година, децата се веќе на распуст а свидетелствата не се подигнати, им велат дека ќе бидат готови на 31-ви Август, а дали ќе бидат и тогаш не знаеме со месеци нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема лични карти, граѓаните не можат да ги извршуваат своите основни потреби, тоа е нивото и тоа е реалноста за жал во која што живееме.

Во врска со вакцинацијата Македонија беше меѓу последните во светот и последна во Европа која што почна со вакцинација, таа се одвива исклучително споро, на намален број на пунктови.

Македонија е земја со најголема смртност во светот, со човечки животи и погреби ја плаќаме неспособноста на овие некадарници, а сега вакцинацијата не може да продолжи, затоа што вакцини едноставно нема.

Сума сумарум ако сето ова може да се сумира во една реченица тоа е следново имаме фијаско и дебакл на власта каде што тие не ги испорачуваат основните потреби на граѓаните, за учениците нема свидетелства, за граѓаните нема пасоши, нема возачки дозволи, нема лични карти, нема регистарски таблици, вакцинацијата е закочена затоа што нема вакцини, за земјоделците нема субвенции, има зголемување на даноците, има зголемување дополнително сега на акцизата за дизелот од 4 денари сега веќе доаѓаме и до 14 денари кој што им ги испорача Зоран Заев по литар дизел на македонските граѓани, имаме сиромаштија, фијаско и иселување, едноставно буквално катастрофа.

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер