Ѓоковиќ вратен во имиграциски притвор, конечната одлука вечерва ќе ја носи тричлен судски совет

Продолжуваат проблемите за светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ во Австралија, откако повторно му беше укината визата за престој, па рано утринава тој по втор пат беше спроведен во имиграциски притвор во Мелбурн. 

Конечен одговор за тоа дали Ѓоковиќ ќе може да остане и да игра на турнирот австралија опен или пак ќе биде депортиран треба да дадат три судии од Федералниот суд на Австралија, а официјалното рочиште е закажано вечерва во 23:30 часот по средноевропско време.

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук кој вчера одлучи по втор пат да му ја укине визата на српскиот тенисер својата одлука ја правда со тоа што според него присуството на Ѓоковиќ во Австралија може да доведе до зголемување на антиваксерските чувства што може да доведе до јавно незадоволство.

-Ѓоковиќ е личност со статус и влијание. Со оглед на неговото однесување по позитивниот тест на ковид-19 како и неговиот невакциниран статус, верувам дека неговото присуство во Австралија може да ги охрабри другите луѓе да ги игнорираат насоките и политиките за јавно здравје во земјата, изјави министерот за имиграција -Алекс Хоук..

Доколку на Ѓоковиќ му се одземе визата, тој ќе се соочи со тригодишна забрана за влез во Австралија, но доколку пак судот одлучи во негова корист, најверојатно тој ќе има можност да настапи на гренд слемот.

Во меѓувреме Австралија деновиве бележи рекордни бројки на новозаразени со ковид-19 и има најголем број на заразени во светот на дневна основа, откако четврти ден по ред бројката на новодијаностицирани изнесува и над 100.000 лица.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

Владиниот економски тим на средба со делегација на ЗЕЛС

Дел од министрите од Владиниот економски тим, остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, се наведува во соопштението од Владата. 

Дел од министрите од Владиниот економски тим, предводени од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван со министерите за финансии Фатмир Бесими, економија, Крешник Бектеши и локална самоуправа, Горан Милевски, денес остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, која ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и потпретседателите, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а во која беа и градоначалниците на Теарце, Нухи Незири, градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Претставниците на ЗЕЛС ги изнесоа предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, поврзани со економската и енергетската криза и побараа поддршка од Владата, за да истите бидат полесно надминати.

Вицепремиерот Битиќи и претставниците на Владата посочија дека за секое прашање, кое е важно за граѓаните се води отворен дијалог и притоа ја истакнаа отвореноста за соработка со единиците на локална самоуправа за заедничко надминување на тековните предизвици. Сите теми кои се важни за граѓаните, за нормално функционирање на општеството треба да се дискутираат и да се најдат најсоодветни решенија кои се во општ интерес.

На состанокот, се согласија предизвиците со кои се соочуваат единиците на локална самоупрва да се елаборираат детално, да се направат соодветни анализи и да се предложат соодветни решенија за нивно надминување.

Косовски автобус слета од автопат во Бугарија, најмалку 29 повредени (ВИДЕО)

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот се судрил со камион во градот Ќустендил и слетал од патот.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

притисни ентер