Гир: Високи надежи за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

Високи надежи за почеток на преговорите со Македонија и Албанија за време на француското претседателство.

Имаме високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на Европската Унија со Албанија и Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа", што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.

Гир пред учесниците во конференцијата, која е дел од дебатите на Конференцијата за иднината на Европа, нагласи дека институциите на ЕУ се цврсто посветени на унапредување на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и истакна дека исклучително ги ценат напорите што ги направиле сите страни за придвижување на овој процес.

– Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ, нагласи Гир.

Говорејќи за Конференцијата за иднината на Европа, Гир напомена дека во неа се вклучени и граѓаните во Македоија. Потсети дека делегацијата на ЕУ организирала шест дебати на оваа тема, со фокус на младите луѓе.

– Западен Балкан е Европа, Западен Балкан природно и припаѓа на Европа и уверени сме дека во наш заеднички интерес е да го продолжиме процесот на проширување без натамошни одложувања. Тоа не е само геостратешки приоритет за партнерите во регионот, туку и наш приоритет не само поради војната, туку и поради притисокот кој го гледате во контекст на таа војна и поради долгите историски социјални и економски врски кои не поврзуваат, нагласи евроамбасадорот.

Гир напомена дека е мошне важно да се запаметат корените на ЕУ, од каде се почнало, од каде доаѓаат, додавајќи дека е мошне лесно да се запостават достигнувањата на Унијата – мирот, просперитетот, единствениот пазар, демократските врдности и почитување на различностите, како и самиот процес на проширување.

– Секако се соочувавме со предзивици, финансиската криза во 2008 година, пандемијата, сега е руската војна во Украина, сите овие работи изгледаат предвидливи, но не се и во се ЕУ водат интензивни дискусии и покажавме единство и брзо се придвиживме напред. Оваа дискусија е мошне важен процес и таа е контраст на тоа што Русија го прави во Украина, а тоа е да ја одреди иднината на Украина без никакви консултации, рече Гир.

Тој додаде дека посветеноста на Македонија на процесот на евроинтеграција се видела во стратешкиот избори кои го направила земјата со поддршка на резолуцијата за осуда на руската агресија во ОН.

– И тука гледаме дека Македонија се приклучи стопроцентно кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, додаде Гир.

Тој потсети дека заклучоците од Конфренцијата за иднната на Европа ќе бидат презентирани во септември од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

На конференцијата меѓу другите учествуваше и известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Илхан Ќучук, кој напомена дека за Европа е важно да го консолидира своето јадро, но подеднакво е важно и да погледне надвор од нејзините граници, надвор од нејзините 27 земји и да се бараат можности за проширување.

Ќучук додаде дека доколку ЕУ не се осврне на проширувањето кон Западен Балкан, тогаш место неа ќе се вклучат трети сили, бидејќи не постои вакуум простор во меѓународните односи и таков вакуум никој не толерира.

Во однос на Конференцијата за иднината на Европа, Ќучук нагласи дека таа треба да стане одржлив механизам за комуникација со европските граѓани за да може Европа да понуди долгорочни решенија и да одговори на кризи. Според него, ова е единствениот начин да се воспостави мост до следните генерации за изградба на ЕУ ​​како проект на одржлив мир, слобода и просперитет.

– Европа не треба да биде џуџе или едно од џуџињата во меѓународните односи, туку главен геополитички играч, рече Ќучук.

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, се надоврза дека иднината на Европа не е однапред детерминирана, туку ја креираат оние кои се дел од неа.

Нагласи дека иднината на ЕУ треба да се движи во насока, која се заснова на основните принципи на кои е поставена.

За спорот со Македонија, амбасадоро Ангелов истаскна дека Бугарија сака гаранции од земјава дека Договорот за добрососедство од 2017 година ќе биде почитуван.

Според Ангелов, бугарските барања за нивното малцинство во Албанија се исполнуваат, поради што немаат задршка да и дадат зелено светло на Тирана, но како што кажа, ќе видат дали во тој пакет ќе биде и Скопје.

Организатор на конференцијата во Скопје беше бугарската агенција, БТА, а нејзиниот генералниот директор Кирил Влчев на отворањето на настанот истакна дека ЕУ е насекаде каде што има европски граѓани, додавајќи дека дискусијата е за иднината на Европа, а не разговор за иднината на една или друга земја.

– Главниот фокус на дебатата досега беше како граѓаните на Бугарија ја замислуваат ЕУ. Бугарија веќе знае како е да се биде членка на ЕУ, се надеваме дека со ваква дискусија ќе го пренесеме нашето искуство овде во Република Македонија, додаде Влчев.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер