Гир: Политичкиот консензус во Македонија е клучот за уставни измени и евроинтеграциите

Политичкиот консензус во Македонија е клучот за уставни измени, напредокот и пристапувањето кон Европската Унија, оценува евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за државната агенција МИА. 

Тој вели не може да се дадат гаранции дека во иднина нема да има блокади за Македонија, а доколку има такви - очекува да бидат поради неспроведени реформи кои ги бара унијата од државите кои преговараат. Сепак, евроамбасадорот уверува дека вратата за Македонија е веќе отворена, а до втората меѓувладина конференција нема можност за нови услови..

-Ова претставува суверена одлука на земјата. Но, сметам дека е важно, кога се гледа на уставните измени и кога истите ќе бидат објавени, бидејќи се уште чекаме на конечниот текст, да има отворена дебата и сите политичари да се однесуваат на одговорен начин и да ги стават интересите на државата на прво место, да го видат текстот и да се уверат што всушност се предлага,изјави Дејвид Гир – амбасадор на ЕУ во Македонија.

И покрај оценките дека во Македонија има голема политичка поларизација, кај владејачката СДСМ има оптимизам дека уставните измени ќе бидат успешно изгласани со опозициски пратеници, а процедурата во Собрание ќе почне до крајот на јули.. Потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи во синоќешната Само Вистина кажа дека токму Собранието преку изгласаните документи ги штити идентитетските прашања во преговорите со унијата..

-Заклучоците од највисокиот законодавен орган кажуваат дека преговарање за идентитет и јазик не може да има и ако во било кој момент се влезе во преговори, преговорите може да бидат прекинати, тоа се црвените линии. Никаде не пишува дека ставање на една етничка група во Уставот значи губење идентитет, апсолутно не, вели Фатмир Битиќи – потпретседател на СДСМ.

По посетата на дипломатите од Австрија, Чешка и Словачка, следната недела се очекува во земјава да пристигнат и министрите за Европа на Германија, Франција и Полска, кои доаѓаат во убедувачка мисија за уставните измени.

И покрај засилената дипломатска офанзива, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и вчера повтори дека нема да попушти и ставот на неговата пратеничка група ќе остане ист- а тоа е дека нема да дадат гласови за промена на уставот под бугарски диктат.

Ужас во Бразил: Шестгодишно дете било избодено од 1.100 пчели, паднало во кома

Шестгодишно момче од Бразил преживеало повеќе од 1.100 убоди од пчели откако било нападнато од рој инсекти на фарма во бразилската држава Мато Гросо до Сул.

Според извештаите на локалните медиуми, во вчерашниот напад на пчелите бил повреден и очувот на момчето, објави денеска британски Мирор.

По нападот, момчето паднало во кома и итно било префрлено во блиската болница каде било интубирано, но во меѓувреме му била симната механичката вентилација.

Токсикологот Сандро Бенитес, од бразилскиот центар за интегриран токсиколошки надзор, истакна дека е неопходен брз третман за жртвата за да го преживее нападот.

"Нормално, повеќе од 100 убоди може да бидат фатални за дете. Повеќе од 500 убоди може да бидат фатални за возрасен. Така ова дете, благодарение на брзата интервенција, грижата и напредната поддршка, успеа да преживее и покрај повеќе од 1.100 убоди од пчели." - објаснил Бенитез.

Селена Гомез се вери со Бени Бланко, добија честитки од огромен број ѕвезди (ФОТО)

Селена Гомез (32) и Бени Бланко (36) се верија по нешто повеќе од една година врска.

Актерката среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил. „Вечноста започнува сега“, напиша таа покрај серијата фотографии. На една од нив таа покажа одблиску златен прстен со бел дијамант на раката.

Нејзината објава беше лајкувана 4,6 милиони пати за само еден час. Голем број познати личности, исто така, се огласија за нејзините коментари, вклучувајќи го и готвачот Гордон Ремзи кој се пошегува: „Честитки до двајцата, мора да е време за готвење“.

"Душо! Честитки", напишала Џенифер Анистон, а од профилот на Хулу ѝ кажала дека плачела на оваа вест. Меѓу другите познати личности ѝ честитаа раперот Лил Нас Икс и актерката Мариска Харгитај.

„Љубовта совршено ви прилега на двајцата“, „Сè уште останувам без зборови. Секоја чест!“, „Ти ја заслужуваш сета среќа на светот“, „Плачам“, „Ова е фантастична вест“, „Честитки, јас сум толку среќен за вас“, „Совршени сте заедно“, „Сè уште не престанав да врескам, ве сакам и двајцата“, се дел од бројните реакции.

Потсетуваме дека врската на Селена и Бени стана позната во декември минатата година. Тогаш актерката откри дека биле заедно шест месеци, а на социјалните мрежи истакнала дека Бени бил подобар од сите со кои била претходно.

Гласините за веридбата започнаа веќе во август годинава. Селена потоа позираше пред огледалото, но го покри левиот прст со две емоџи со срце. Не долго после тоа, таа пристигна на Еми со прстен на раката, што повторно ги поттикна гласините за свршувачка.

Музичкиот продуцент Бени претходно, исто така, заврши на листата на People's за најсекси мажи на годината, титула што на крајот ја презеде Џон Красински.

„Царот на границите“ на Трамп откри кој град е прв на листата за масовна депортација мигранти

Том Хоман, „граничниот цар“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откри дека најголемата масовна депортација во земјата, ќе започне во Чикаго.

Хоман, поранешен вршител на должноста шеф на имиграцијата и царината за време на првиот мандат на Трамп, ги изложи своите планови за отстранување на мигрантите кои илегално ја преминале јужната граница.

„Чикаго е во неволја затоа што вашиот градоначалник е лош. Вашиот гувернер е лош“, им рече Хоман на толпата на празничната забава на републиканците во која беа гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон.

И двајцата ги нарече „страшни“ и истовремено ги повика да тргнат по стапките на градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и „да дојдат на маса“ на разговори. Хоман, исто така, го предупреди Џонсон, кој вети дека ќе се бори против планот за депортација на администрацијата на Трамп, да не „го попречува“ во неговите напори.

„Ако не сака да помогне, нека се тргне од патот. Ако свесно крие или крие нелегални странци- ќе го гоним“, рече тој.

Хоман продолжи да објасни што подразбираат напорите на Трамп за депортација. Најпрво ќе бидат цел на мигрантите кои извршиле злосторства додека биле во Соединетите Држави - потоа легалните мигранти, вклучително и барателите на азил и оние кои влегле во САД на хуманитарен услов за време на администрацијата на Бајден.

Хоман во понеделникот рече дека ќе работи на проверка на статусот на барателите на азил и дека ќе ги уапси сите за кои ќе се утврди дека засолнува криминални мигранти. Тој, исто така, повтори дека нема план за раздвојување на семејствата, иако сугерираше дека тоа може да се случи.

„Мојата цел е да го спроведам законот, но ако се ставите во таа позиција, тоа може да се случи. Но, во оваа администрација во моментов нема план за раздвојување на семејствата“, рече тој.

„Сепак, ние ќе го спроведеме законот. Значи, ако се ставите во таа позиција, зависи од вас“, рече тој, додавајќи дека родителите на „сонувачите“ - децата на мигрантите родени во САД - имаат две опции.

„Можете или да го земете детето дома со вас или да го оставите да остане тука. Но, не добивате пропусница“, посочи тој.

Тој исто така рече дека оние кои нема да ги исполнат условите за азил ќе добијат наредба да бидат депортирани преку судскиот систем.

Чикаго има повеќе од 50.000 мигранти насобрани во Ветровитиот град од август 2022 година, а по изборот на Трамп минатиот месец, градоначалникот Џонсон го бранеше статусот на градот како „засолниште“ и рече дека нема да дозволи полицајци да им помагаат на федералните имиграциски агенти.

Во меѓувреме, гувернерот Прикер е во разговори со канцеларијата на јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, за да истражи какви правни ресурси или персонал ќе им треба за да ги оспорат политиките на Трамп.

притисни ентер