Гир: На Македонија и е потребна стручна, независна и професионална администрација

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека на земјава и е неопходна стручна, независна и професионална јавна администрација. Без тоа, како што нагласи, нема раст и развој.

Не може да се каже, рече Гир, дека нема резултати во однос на реорганизацијата, но системот има и слабости кои се секако нотирани, а евидентно е и премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата.

-Она што сакаме да видиме е зајакнување на администрацијата, да се осигураме дека има ексепртиза, независност и професионалност. Секогаш е тешко, има фискални притисоци, нема само една криза, туку низа кризи. Ние секогаш ја нагласуваме важноста на тоа да се осигури дека администрацијата може да ангажира, да задржи, промовира и унапреди лица кои ја имаат потребната стручност да се заврши работата. Тука се вклучени надоместоците, платите и тоа е важен елемент. Нема да коментирам за различните одлуки во однос на политиките што ќе ги донесе Владата во конкретни области, но како општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата, но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба. Многу работа има да се зајакне јавната служба, истакна Гир, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

Според него, администрацијата треба да се прилагоди на актуелните потреби и да ги следи промените во светски рамки.

-Има големи слабости во системот, тие се идентификувани во нашиот Извештај за земјата, но ние тесно соработуваме со државната служба во насока на градење на нејзиниот капацитет зашто без ефективна државна служба нема никаде да стигнеме. Затоа, тоа е и приоритет. И затоа, во пристапувањето има она што се нарекува основи – прашања кои се многу важни и мора да се оценуваат во секој момент од процесот, од почетокот до моментот на приклучување во ЕУ. Не би кажал дека нема резултати. Она што го имате е систем што треба да се прилагоди на сегашните потреби, на светот што се менува и на процесот на пристапување во ЕУ за да може да ги ужива придобивките од членството во ЕУ и да биде отпорен во таа смисла. Ние сме ангажирани во долгорочен процес на поддршка во надградување на државната служба, а тоа вклучува и долгорочна дискусија. Сме обезбедиле експертиза на прашањето за реорганизација за да се осигури дека администрацијата е колку што е можно подобра, вклучително и практики од ЕУ. Ги следиме од многу блиску рефомрите во јавните администрации. Ова е есенцијално зашто се работи за спроведување на реформите, на значителната помош што ја обезбедуваме и на подготовката на земјата да управува со работи како што се структурните фондови, подвлече Гир.

Министерот за финанси Фатмир Бесими дополни дека бројот на администрацијата, особено последните две години, се намалува.

Го фатила сопругот со швалерка па направила хаос, такво дивеење не е видено (ВИДЕО)

Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.

Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ на 31 јануари намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.

На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.

На едно видео се гледаат другите учесници во конфликтот: поголем маж удира помал маж и две жени кои се обидуваат да ги разделат, а бесната 38-годишна жена исто така е прикажана како вози во рикверц, прегазувајќи ги нозете на еден од мажите, соборувајќи го другиот и тој паѓа на земја, губејќи свест.

Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.

Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.

Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.

Мадона танцува на песната „Wednesday dance“, фановите шокирани: Знаеш ли што правиш? (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката, Мадона на својот профил на TikTok објави видео на кое се обидува да танцува, во свој стил, се разбира, популарниот танц од серијата Нетфликс, но нејзините обожаватели и следбеници не се многу ентузијасти.

Како прво, на многумина не им беше јасно зошто Мадона танцува на песната на Лејди Гага, Bloody Mary, кога е општо познато дека тие двете долги години не се во добри односи. Некои од нејзините следбеници едноставно беа разочарани од нејзиниот настап. Ќе истакнеме дел од нивните коментари.

@madonna ♬ original sound - heyy

„Кој би помислил дека Мадона ќе заигра на песната на Гага“, „Знае ли чија е песната“, „Ајде да го избришеме тоа“, „Кралица на cringe“, „Игра на крек“, „Ова е најблиску до соработка помеѓу Мадона и Гага“, „О Боже, Мадона танцува на Гага“, „Таа танцува на песната на Гага, сега можам да умрам во мир“, „Не верувам што гледам“, се само некои од коментарите од социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Гага на почетокот на кариерата ја споредуваа со Мадона, а таа тоа го сфати многу лошо и нејзиниот коментар ја навреди Мадона. „Само затоа што јас сум првата жена уметник во последните 25 години што успеала да ги достигне првите 40 на радио, не значи дека сум нејзина копија, тоа значи дека сум е**но паметна личност“, ги коментираше Гага споредбите меѓу себе и Мадона пред десет години.

Мадона не ѝ остана должна и јавно кажа дека Гага ја копира во многу сегменти, особено во музиката и имиџот. Како што е познато, тие двете никогаш не се помириле.

Десет мигранти се удавија во близина на островот Лампедуза, меѓу нив три жени и бебе

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража која успеала да спаси 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе ѝ се лизнало од прегратките на мајката која била уморна и паднало во морето пред почетокот на спасувачката акција. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Брод со мигранти испловил од Тунис минатиот викенд, но набрзо се појавија тешкотии. Се верува дека жртвите починале од хипотермија. Во текот на ноќта италијанските власти спроведоа уште три брода со 156 мигранти до Лампедуза.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Годинава преку Средоземното Море во Италија пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, 1.400 мигранти ги загубиле животите минатата година обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

притисни ентер