Германскиот претседател Штајнмајер во официјална посета на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Германија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Штајнмајер е предвидено да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети Ветерниот парк во Богданци.

Предвидена е и средба на германскиот претседател со премиерот Димитар Ковачевски попладне во Владата.

Штајнмаер утре во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети Ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија.

По Македонија, Штајнмаер заминува во посета на соседна Албанија.

Тренерот на Порто доби отказ по само шест месеци на позицијата

Порто го отпушти тренерот Витор Бруно, објави португалскиот клуб по двата порази од Национал и Жил Висенте, а двократниот освојувач на Лигата на шампионите е трет во табелата во локалната лига по 18 натпревари.

Бруно беше назначен во јуни 2024 година, потпишувајќи двегодишен договор, кога го замени Серхио Консеиао, кој си замина по седум сезони во кои освои 11 титули, вклучувајќи три титули во португалската лига.

Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 1-0 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.

Порто, една од 32-те екипи кои се квалификуваа за проширеното Светско клупско првенство во 2025 година, што ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули, ќе се соочи со Олимпијакос во четврток во натпревар од Лигата на Европа.

Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома

 Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.

-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.

Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.

Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.

Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.

Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.

Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.

Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци.

Наполи во финални преговори за Гарначо

 Директорите на Наполи наскоро ќе се сретнат со своите колеги од Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо, пишува „Кориере дело Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ ќе патуваат во Италија, каде што ќе преговараат за Патрик Доргу од Лече.

Според изданието, деновиве ќе има вести за договорот со Гарначо.

Наполи веќе понуди околу 50 милиони евра за Аргентинецот и се верува дека конечната понуда би можела да достигне 60 милиони. Се шпекулира дека од Манчестер Јунајтед бараат 80 милиони евра.

Гарначо (20) веќе ги договорил личните услови со Италијанците и се чека само одлуката на „црвените ѓаволи“.

Аргентинецот се гледа како наследник на Хвича Кварацхелија, кој се пресели во ПСЖ.

притисни ентер