Германскиот министер за здравство : Неодговорни се летните забави

Министерот за здравство на Германија изјави денеска дека „забавите“ за време на летните одмори се неодговорни, бранејќи ја одлуката на Германија да ја прогласи скоро цела Шпанија за област под ризик за коронавирус.

„Знам колку Германците ја сакаат Шпанија ... но за жал, бројот на ново заразени таму нагло се зголемува, пребрзо“, изјави Јенс Спан за „Билд ам Сонтаг“.

„Сите оние кои отпатуваа во Шпанија и покрај предупредувањата, мораат да се грижат да се заштитат себе си и другите додека се на одмор. Забавите на одмор за време на пандемија на коронавирус е неодговорно“, рече министерот.

Луѓето кои се враќаат во Германија од одредени региони со ризик мораат да бидат подложени на тестирање на коронавирус или да одат во задолжителен двонеделен карантин.

Коментарите на Спан дојдоа откако бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 1.415 во последните 24 часа, што е најголем пораст од крајот на април.

Досега се заразени вкупно 222.828 лица во земјата.

Бројот на нови инфекции нагло се зголеми во Шпанија во последните неколку дена, само седум недели по завршувањето на строгиот карантин.

Овој германски потег е нов удар врз надежите на шпанските туристички работници за брзо заживување на масовниот туризам по неколку месечниот карантин.

Според германското здружение на агенции за патувања, околу 30 000 Германци во моментов ги поминуваат своите летни одмори на Балеарските острови, огромното мнозинство во Мајорка, кое е прогласено за ризично подрачје и има многу индивидуални туристички патувања.

ТУИ, најголемата светска туристичка агенција, наводно ги откажа сите германски аранжмани за пакети за Шпанија до 24 август, а одлуката стапува на сила веднаш.

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

притисни ентер