Германскиот канцелар Шолц има корона

Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на коронавирусот, објави неговиот портпарол.

Канцеларот (64) има благи симптоми на настинка и штом ги дознал резултатите од тестот отишол во изолација, изјави неговиот портпарол Штефен Хебестрејт.

Тој рече дека Шолц ги откажал сите надворешни состаноци за оваа недела, а планираната конференција со премиерите на сојузните покраини, закажана за среда, ќе се одржи виртуелно.

Шолц (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) беше на турнеја низ земјите од Персискиот Залив во текот на викендот, но на крајот од патувањето тестот за коронавирус сепак му бил негативен.

И министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер (СПД) денеска на Твитер објави дека е позитивна на коронавирусот.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох од минатата недела бележи зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус, а експертите проценуваат дека моментално евидентираните вредности не ја покажуваат вистинската слика бидејќи се работи само за позитивни ПЦР тестови.

Бројот на нови пациенти е особено висок кај постарата популација, но засега не се планира воведување дополнителни мерки поради тоа што болниците се уште не се оптоварени со нови пациенти, со оглед на тоа што пациентите имаат претежно благи симптоми.

Германската влада неодамна усвои измени во законот за заштита од инфекции, со кои на сојузните држави им се овозможува да ги заострат мерките во борбата против пандемијата со оглед на епидемиолошката состојба.

Во Германија, сегашната седумдневна инциденца на инфекција со коронавирус е 293 случаи. Во моментов на сила се само мерките за носење маски во јавниот превоз, домовите за стари лица и болниците.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер