Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно во Македонија, најави Мицкоски

Од февруари идната година, Македонија ќе ја посетат околу 35 илјади туристи, преку германскиот туроператор Ер - Ес - Де. Секојдневно по 1 авион со околу 190 туристи од Германија, Фрнација, Велика Британија се очекува да слетува на скопскиот аеродром. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Промоција на нови полициски службеници

 Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници - генерација 2024-2025.

На промоцијата, како што соопшти МВР, ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски.

Сончево со умерена облачност, претпладне магла по котлините

 Времето претпладне по одделни котлини ќе биде магловито, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.

Сообраќајот се одвива во зимски услови,по наместа влажни коловози, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. 

Намалена видливост поради појава на магла од 50 - 100м. има на патните правци Штип – Неготино, Неготино – Д. Капија – Удово, Велес – Скопје, Скопје – Велес, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 100м. на патните правци Куманово – Страцин, Делчево – М. Каменица и Велес – Штип и од 20 – 50м. на патниот правец Скопје – Тетово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување до возачите дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

притисни ентер