Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно во Македонија, најави Мицкоски - Канал 5

Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно во Македонија, најави Мицкоски

Од февруари идната година, Македонија ќе ја посетат околу 35 илјади туристи, преку германскиот туроператор Ер - Ес - Де. Секојдневно по 1 авион со околу 190 туристи од Германија, Фрнација, Велика Британија се очекува да слетува на скопскиот аеродром.

Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно во Македонија, најави Мицкоски

Целта е преку оваа соработка на владата и компанијата да се развива културолошкиот туризам. За една година се очекува бројот на ноќевања да достигне 140 илјади плус од сегашните, а со доаѓањето на туристите тоа, според премирот ќе значи дополнителни 30 милиони евра за македонскиот туризам, што заедно со сместувањето, транспортот и останатите трошоци бројката би достигнала 50 милиони евра.

„Овие 35 илјади туристи ќе бидат на балканска тура, која започнува со 1 ноќевање во Скопје, Црна гора, албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевања, и завршува со 2 ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија....бројот на ноќевања кои што ќе ги имаат овие туристи претставува практично од 10 до 15 % од вкупниот број на ноќевања кој што ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада

„Туроператор кој работи на културолошки патувања и планиараме да донесеме 35 илјади гости следната година почнувајќи од февруари. Мислам дека во иднина не очекува многу голема работа.“- Кристијан Франк – сопственик на „Ер Ес Де“

Од Владата велат целта на соработката со германската компанија е поддршка на туризмот, а токму тоа е и причината туризмот да се поврзе со министерството за култура. Очекуваат во иднина бројот на туристи од сега планираните 35 илјади да се удвои, но за тоа како што посочи Мицкоски ќе треба државата да вложи во сместувачки капацитети, кои ќе бидат атрактивни за овој тип на гости.

YouTube video

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер