Германската воена индустрија цвета и во време на коронавирус

Германскиот извоз на оружје продолжи да расте во првиот квартал од оваа година, при што расте извозот во земјите што не се членки на ЕУ и на НАТО.

„Во првиот квартал од оваа година, Германија извезе оружје во вредност од 1,16 милијарди евра, наспроти 1,12 милијарди евра во истиот период минатата година“, соопшти денеска германската влада во, на прашањето од пратеничката на левицата, Севим Дагделен.

За разлика од минатата година, кога најголемиот дел од извозот на оружје бил наменет за една од земјите-членки на ЕУ, годинава најголем дел бил извезен во т.н. трети земји кои не се членки на ЕУ или на НАТО.

Експертите проценуваат дека извозната вредност од вкупно 615 милиони евра во т.н. трети земји главно се однесуваат на испорака на подморница во Египет.

Досега, невладините организации честопати го критикуваа извозот на германското оружје и воена опрема во Египет, кој е активно вклучен во војната во Јемен.

Германската влада лани го одобри извозот на оружје вреден повеќе од 8 милијарди евра.

Левичарката Севим Дагделен ја повика германската влада да ја промени политиката за извоз на оружје.

„Додека Обединетите нации повикуваат на глобален прекин на огнот за време на кризата, Германија увезува нафта од кризните региони со извоз на оружје“, рече Дагделен. Таа рече дека на Германија и е потребна промена во производството на оружје вo цивилни производи, како што е медицинска опрема.

Според податоците на шведскиот институт за мониторинг на трговијата со оружје, Германија го зголемила извозот на оружје за 17 проценти меѓу 2015 и 2019 година, во однос на 2010-2014 година.

притисни ентер