Германија притиска Европската Унија да ја укине можноста за вето

Германија се посилно притиска Европскта Унија да ја укине можноста членките да ставаат вето. Канцеларот шолц предлага да се воведе мнозински систем на галасање. 

Ќе стане ли ветото, кое честo се злоупотребува за одредени национални интереси кај дел од земјите членки, минато во ЕУ? Се погласно одекнува идејата да се преземе постепена транзиција кон мнозинско гласање, а последен поддршка за оваа реформа даде германскиот Канцелар Олаф Шолц. Тој од Карловиот универзитет во прага порача дека менувањето на гласачката пракса може да помогне во прошурувањето на ЕУ. Со ова би се ставило крај и на самоволието на земјите членки, а мнозинското гласање ќе донесе само бенефит за надворешната и даночна политика, оцени Шолц.

Таму каде што денес е потребна едногласност, ризикот дека една држава ќе употреби вето и дека ќе ги спречи сите други да напредуваат се зголемуваат со секоја членка. Центарот на Европа се движи кон Исток. Во оваа проширена Унија разликите меѓу земјите членки ќе растат во однос на политичките интереси, економијата и социјалните системи. Украина не е Луксембург, а Португалија поинаку ги гледа светските предизвици од Македонија.

Мнозинското гласање, како прашање во ЕУ виси во воздух уште од 2004та година, а прашање е дали нашите генерации ќе ја дочекаат таа промена живи, сметаат експертите. Самото укинување треба да се случи едногласно, односно е замка што би ја забавила транзицијата, смета Симонида Кацарска од институот за европска политика. Ветото и неговото користење го ограничи влијанието на унијата на Балканот, а доколку политиката не се промени постои потенцијал да го ограничи и пошироко, оценува таа.

На политичко ниво, од страна на големите земји членки, како што е Германија, ова прашање сега повеќе потенцира, особено по доаѓањето на власт на канцеларот Шолц. Дали и колку и кога тоа би било променето е веќе друго прашање, според мене, надворешната политика, веројатно и според дел на познавачите ќе биде една од последните точки која што потенцијално би се менувала, односно да се менува начинот на однесување од едногласност кон некои други механизми.

Сепак, смета дека веќе се дискутира за некои минорни промени во однос на гласањето околу пристапноста, но се зависи од тоа во која мерка земјите-членки би ги прифатиле.

Во однос на влезот на земја членка, крајната точка, мислам дека тука веројатно тешко ќе доживееме во нашиот животен век да видиме дека ќе се смени принципот на едногласонст, внатре во процесот можеби постојат моменти каде што би можело да се работи на таа едногласност, да не се бара истата, да не може да се користи ветото на одредени точки пристапувањето.

Македонија по 17 година кандидатски статус, во јуни годинва конечно доби едногласна дозвола од земјите члнеки на ЕУ за почеток на преговорите за членство.. За две недели треба да започне т.н. скрининг процес, кој вообиаено трае околу една година, по што ќе почне отворањето на поглавјата, што во нашиот случај е условено со промена на уставот и внесувањето на бугарите во преамбулата...

Дневен хороскоп за 1. октомври 2023 година

Дневен хороскоп за недела, 1. октомври 2023 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.

Кариера

Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции.

Здравје и совет

Мали стресови што добро ги поднесувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите.

Кариера

Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање.

Здравје и совет

Бидете свои.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата.

Кариера

За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете.

Кариера

На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход.

Здравје и совет

Не пијте студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се.

Кариера

Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи.

Здравје и совет

Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена.

Кариера

Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците.

Здравје и совет

Не инсистирајте да биде по ваше.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате.

Кариера

важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите.

Здравје и совет

Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното.

Здравје и совет

Чувајте го грлото и вратот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно.

Кариера

Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба.

Кариера

На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат.

Кариера

Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира.

Здравје и совет

Можни се мали нервози.

Морбидно: Работници од погребално во Тексас го испуштиле мртовецот по скали, семејството во шок

Семејство од Тексас ја тужи мртовечницата во Хјустон, велејќи дека се соочуваат со „тешка ментална болка“ откако двајца вработени го испуштиле телото на нивниот татко, оставајќи „вдлабнатини и модринки“ на неговата глава.

Наводниот инцидент се случил на 14 јуни 2021 година, кога двајца работници од мртовечницата Твинвуд ги превезувале посмртните останки на Хуан Мехија од станот на вториот кат на неговата ќерка, пренесува NBC News.

Семејството поднело тужба во јуни, две години по неговата смрт, барајќи повеќе од 1 милион долари. Првпат беше објавено од „Дејли бист“, во кој се наведува дека Хуан Мехија починал од рак.

Семејството рече дека вработените во Твинвуд изгледале млади и „видливо се двоумеле во донесувањето одлуки“ додека се обидувале да го пренесат телото на Мехиа по скалите на метална носилка, според тужбата.

Еден од членовите на семејството се понудил да помогне во носењето на носилката, но вработените одбиле, стои во тужбата. Истиот член на семејството им предложил на вработените да побараат помош од соработниците, но тие рекле дека не им е потребна помош.

Синот на Мехија, Вилијам Мехија, потоа ја затворил вратата од станот додека вработените почнале да го транспортираат телото. Тогаш тој „слуша удар“.

„Тужителот Вилијам Мехија потоа слушна неколку удари по ред“, се наведува во тужбата.

Вилијам Мехиа рече дека почекал момент и ја отворил вратата за да најде превртената носилка, а главата и горниот дел од телото на неговиот татко „изложени на земја“, се вели во тужбата. Тој истрчал долу и избезумено се обидел да го покрие телото на својот татко „со тоа што ги стави рацете околу него во обид да го заштити од погледот на соседите“, се вели во тужбата.

Во тужбата се наведува и дека Вилијам Мехија се обидел да ја крене носилката и им викал на вработените да му помогнат. Тие ја подигнале носилката, го вратиле телото на неа и ја поставиле носилката на рамка со тркала за да се натовари во возилото.

За време на таа борба носилката му ја приклештила раката, предизвикувајќи му болки во раката и грбот, се вели во тужбата.

Вработен кој се јавил на телефон во мртовечницата Твинвуд во вторникот одбил да коментира за NBC News.

Вилијам Мехија го пријавил инцидентот во локалното погребално. Од погребалното претпријатие му рекле дека ќе истражат што се случило, според тужбата. Погребниот дом подоцна го контактирал Вилијам Мехиа и му кажале дека вработените наводно изјавиле дека инцидентот не се случил како што тој го опишал и дека безбедно го спуштиле телото за да можат да го прилагодат товарот, се наведува во тужбата.

Семејството дури четири дена подоцна сфатило дека телото било оштетено.

„При гледањето на телото на Хуан Мехија, обвинителот Вилијам Мехија, неговата мајка Маргарет Мехиа и сестрите, тужителите Мишел Мехија и Мелоди Мехија-Бариос, забележале вдлабнатини и модринки на главата на Хуан Мехија “, се наведува во тужбата.

Гледајќи ги посмртните останки на Хуан Мехија како такви „предизвикале огромна емоционална болка“ за семејството, се наведува во тужбата, „па дури и го попречиле процесот на тагување на неговото семејство“.

Семејството и нивниот адвокат не биле веднаш достапни за коментар за NBC News.

Мет Дејмон ни по 20 години брак не ја испушта од вид прекрасната сопруга, уживаат на плажа

И по речиси 20 години брак, Мет Дејмон и неговата 47-годишна сопруга Лусијана Баросо изгледаат вљубени како и секогаш додека уживаат во романтичен ден на плажа во Мајами, Флорида.

Последниве денови познатиот 52-годишен актер беше во Њујорк на настан организиран од Стела Артоа, а по пристигнувањето на одмор со сопругата изгледаше прилично опуштено. Освен тоа, холивудскиот ветеран може да се пофали со одлична физичка форма и мускули, што ги покажа на плажата. Тоа беше и можност да ги покаже своите многубројни тетоважи, кои го вклучуваат името „Луси“ на десната рака, што секако е посветено на неговата сопруга, а во 2019 година ги напиша имињата на нивните четири ќерки; Алексије (24), Изабел (16), Гија (14) и Стела (12).

Не помалку привлечно изгледаше и неговата сопруга, која ја покажа својата фантастична фигура во светло сини бикини. Таа се заштити од сонцето со бела капа, а својот аутфит на плажа го комплетираше со големи обетки и очила за сонце.

Пред да заминат заедно на капење, имале пријатен разговор со луѓето на плажата.

Инаку, парот моментално го смета Њујорк за свој дом, но имаат убави спомени од Мајами. Актерот ја запознал Лусијана додека таа работела како келнерка во Мајами Бич, каде тој ја снимал комедијата „Засекогаш заедно“. Покрај тоа, нивните ќерки Изабела и Гиа се родени во Мајами.

Додека се појавуваше на телевизија со неговата колешка од „Опенхајмер“ Емили Блант, Дејмон откри една работа што предизвикува тензија во неговиот брак. На прашањето дали е подобро да спие сам или со партнерката, актерот одговорил дека повеќе сака да спие со сопругата, но дека таа поверојатно ќе дреме сама.

„Хрчам и тоа ја згрозува“, објаснил Дејмон.

Неодамна, Мет се здружи со режисерот на „Bourne Identity“ Даг Лиман за да го сними „The Investigators“, за кого ко-сценарист беше неговиот долгогодишен пријател Кејси Афлек. Заплетот следи двајца провалници кои бегаат со помош на еден од нивните терапевти по неуспешен грабеж. Филмот моментално е во постпродукција, а треба да излезе во 2024 година.

притисни ентер