Германија и Луксембург ќе прифатат деца на мигранти од Грција

Германија планира да прифати 50, а Луксембург дванаесет деца од бегалските кампови на грчките острови, и покрај загриженоста дека коронавирусот може да се рашири во преполни центри.

Регионалната влада на Долна Саксонија објави дека малолетните лица најпрво треба да поминат двонеделен карантин во таа држава пред да бидат испратени во други делови на Германија.

Според извештаите на Dpa, Германија со Луксембург организираат чартер лет.

„Ова е позитивен пример за другите членки на ЕУ кои изразија желба да добијат малолетни лица“, рече денеска грчкиот министер за миграција Јоргос Комуцакос.

Летот ќе се случи во наредните денови во соработка со Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Во моментов има околу 100.000 мигранти во неколку десетици кампови во Грција. Повеќето од камповите се преполни.

Неколку меѓународни организации повикаа на побрзо отстранување на децата од камповите, поради закана од коронавирус.

Досега се потврдени околу 1,8 илјади заразени лица во Грција.

притисни ентер