Германија и Франција сакаат што побргу да се постигне договор за финансискиот пакет помош за коронакризата

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон заеднички се надеваат дека наскоро ќе биде постигнат договор за повеќегодишниот финансиски план на ЕУ и пакетот за помош во справувањето со ефектите од корона кризата.

Двајцата државници ова го изразија денеска по состанокот во Мерсбург во близина на Берлин.

„Секако дека има многу пречки што треба да се надминат, но најважно е да се излезе од забрзаната криза“, рече Меркел по средбата со Макрон во замокот Мерсбург северно од Берлин, што исто така е прва директна средба меѓу двајцата државници по неколку месеци.

Таа истакна дека „сигурно ќе има промена“ во предлогот на Европската комисија во пакетот за помош, но додаде дека „мора да остане фонд што навистина им помага на земјите-членки загрозени со големата штета од кризата“.

Германската канцеларка сигнализира дека е отворена за компромис, но стави до знаење дека нема да биде подготвена за премногу отстапки.

Макрон исто така истакна дека фондот мора да биде ефективен и го бранеше постојниот предлог.

Меркел рече дека Германија и Франција сакаат да дадат „позитивен стимул“ во вистинската насока и во корист на иднината на Европската унија.

Таа ја изнесе идејата дека помошта од Фондот за реконструкција може да се комбинира со реформски проекти во земјите што ја добиваат таа помош.

„Секоја земја-членка на ЕУ мора на свој начин да ги поддржува насоките што се одржливи во иднина“, рече Меркел, додавајќи дека механизмот може да послужи и како мост на земјите што се скептични за делот на фондот поврзан со грантовите за ранливите членки на ЕУ.

Меркел истакна дека единството на Германија и Франција е клучно за договор за фондот.

„Не мора да значи дека Европа се согласува по секоја цена ако Франција и Германија се согласат. Но, ако има несогласување помеѓу Берлин и Париз, тогаш договорот во Европа е далеку“, рече Меркел.

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека сака договор што е можно поскоро за финансиските прашања.

„Мораме да постигнеме договор во јули за буџетот на ЕУ и пост-коронарниот фонд за реконструкција. Тоа е нашиот главен приоритет. Чекањето нема да ја олесни ситуацијата“, рече Макрон.

Франција се надева дека ќе добие 30 до 40 милијарди евра од фондот од 500 милијарди евра.

Франција и Германија, како и јужните земји кои се тешко погодени од вирусот, го поддржуваат предлогот на Европската комисија за создавање фонд за наплата кој вклучува 500 милијарди евра во буџетски трансфери и 250 милијарди заеми.

Но, групата наречена „чудна четворка“ - Австрија, Данска, Холандија и Шведска - се спротивставуваат на големите заеми без никакви реформски услови.

Пленковиќ и ХДЗ со убедлива победа на изборите во Хрватска

Официјалните резултати покажуваат дека во моментов најголем број места во хрватскиот парламент освои ХДЗ – 67 на чело со досегашниот премиер Андреј Пленковиќ .

Големо изненадување и далеку послаб резултат од очекувањето освои опозициската коалиција на централно-левичарскиот Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која според најновите податоци освои 41 места.

Предизборните анкети предвидуваат изедначен резултат, а некои дури и победа за СДП.

Татковинското движење на пејачот Мирослав Шкоро моментно има 16 освоени мандати.

Десниот Мост има 8, додека лево зелената коалиција Можемо има 7 места во Саборот.

Гласовите на дијаспората, сите три ги освои ХДЗ на Пленковиќ.

За формирање на мнозинска влада се потребни најмалку 76 пратеници во Саборот.

Шахпаска од Пробиштип: ДА, денес подобро се живее со повисока минимална и просечна плата ,повисоки пензии и зголемена социјална помош за 300%

„Денес можам гордо да ве гледам и да зборувам за сериозниот  исчекор  што го направивме , каде бевме и каде стигнавме денес.

Од заробена држава со широко распространета корупција, држава во која не постоеше слобода на медиумите туку постоеше цензура. Држава во која граѓаните за да функционираат мораа да ја поседуваат партиската книшка на ДПМНЕ. Држава во која имаше нарачани судски пресуди и избрани судии од тефтерчето на Гордана. Држава во која постоеше дискриминација по секој основ." -истакна носителката на ИЕ 3 , Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Пробиштип.

„Денес сме полноправна членка на НАТО сојузот, правна и праведна држава кое што ни го гарантира новиот Закон за јавно обвинителство, според кој секој кој се огрешил ќе одговара пред законот. Се врати слободата на говор и полека но сигурно ја враќаме довербата кај граѓаните кон институциите . Денес сме држава која веќе ја доби и преговарачката рамка и за време на германското претседателство ќе добиеме почеток на преговори за влез во ЕУ". –посочи Јагода Шахпаска .

Таа се осврна и на мерките кои беа реализирани изминатите три години, а кои значат обезбедување на подобар животен стандард на сите граѓани. Таа ја посочи реформата во пензискиот систем , редовната исплата на пензиите и нивни раст.

„Домаќински и одговорно минатата година заштедивме 3.7 милијарди денари и беше исплатена пензија без потреба од позајмица од централниот буџет. За нецели три години пензиите пораснаа за 1700 денари. Ако 2016 година кога дојдовме на власт просечната пензија беше 13.800 денари, сега таа е 15.500 денари". –истакна Шахпаска.

Како понуда за следниот мандат Шахпаска го посочи покачувањето на минималната пензија за 21% ,односно да нема пониска пензија од 10.700 денари.

Таа се осврна на воведувањето на државната социјална пензија од 6.000 денари, за лицата кои по никаков основ не исполнуваа право за редовна пензија. Тоа го искористија 6.600 пензионери.

Грижата за возрасните граѓани ја остваривме и преку укинувањето на квотите за лекови,па сега нема повеќе гужви пред аптеките, ниту недостиг на лекови.-рече Шахпаска.

Таа зборуваше и за вложувањето во здравствениот систем, покачувањето на платите на докторите кои пораснаа за 40% ,а другиот медицински персонал и здравствени работници до 23%. Вработени 780 доктори, 1.000 медицински лица и 5.000 согласности.

На прашањето на Мицкоски што денес им го постави на граѓаните во Прилеп „Дали подобро се живее"? -можам да кажам дека ДА ,подобро се живее со покачена минимална плата на 14.500 денари, со просечна од 27.300 денари, со повисоки пензии за 1.700 денари, со зголемена социјална помош од 300 %.-рече Шахпаска.

Таа на крајот ги повика граѓаните гордо и достоинствено почитувајќи ги протоколите за заштита на здравјето да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

Затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро !, се наведува во соопштението на СДСМ.

Николовски од Пробиштип: Ние сме на автопат, ВМРО-ДПМНЕ е во нивните темни подруми, ние сме за европска, а тие за режимска иднина

Генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ  3 на Коалицијата „Можеме"  Љупчо Николовски, вечерва од трибината во Пробиштип оцени дека СДСМ води модерна европска кампања во која нема црни спотови,нема темнина.

Има идеи, разговори за еколошка и иновативна земја, за решавање на прашања кои досега не биле отворени.

„Ние зборуваме за новиот развој, за новата македонска економија, за родовата еднаквост, за заштита на животната средина, за отворање на нови работни места, за враќање на младите на Истокот, а ВМРО-ДПМНЕ ги покажуваат тие спотови на згрбавени луѓе, така како што тие ги замислуваат нашите сограѓани. Покажуваат спотови на темните простории во нивните подруми кои асоцираат на провизии, тендери, местенки. Ние сме на автопат, тие во нивните темни подруми. Ние сме за европска Македонија, тие за режимска Македонија во која царуваат криминалот стравот, корупцијата", рече Николовски.

Тој нагласи дека денеска изборот на граѓаните е лесен, а тоа го потврдуваат сите истражувања на јавното мислење.

„Сите истражувања на кредибилни светски агенции потврдуваат дека граѓаните се за напред, за развој, за иднина и ја поддржуваат оваа Програма која ја пишувавме 11 месеци. Ништо нема да ги спаси. Огромно мнозинство на 15 јули ќе гласа за оваа модерна, најголема и најразнолика Коалиција „Можеме", рече Николовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

притисни ентер