Германија ги избриша Франција, Грција и Шпанија од списокот на ризични земји

Германија ги отстрани Франција, Грција, Швајцарија и делови од Шпанија од својата листа на земји во висок ризик поради ковид-19.

Промената стапува на сила во недела, а оние што пристигнуваат од овие земји во Германија нема да повеќе задолжително да презентираат негативен тест или да останат во карантин 10 дена.

Земјите како Грција и Шпанија, кои економски се потпираат на туризмот, соопштија дека нивните економии страдаат од ограничувањата на патувањата воведени за време на пандемијата, пишува ДВ.

Но, оваа промена на правилата важи само за оние кои патуваат по копно. Патниците со авион сепак при влез во Германија ќе треба да презентираат негативен тест, потврда за вакцинација или доказ дека биле заразени со ковид-19.

Голем број други места се отстранети од списокот на земји со висок ризик, вклучувајќи ги Белгија, јужна Данска, Естонија, Јордан, Литванија, три провинции во Холандија, Норвешка, неколку региони во Словенија и Света Луција.

Почнува одбележувањето на 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Со проекцијата на филмот „Пинокио" вечер во Градски парк, на „Школка" ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина – Скопје.

Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

Проекцијата на филмот е замислена како пикник, а посетителите со себе ќе треба да понесат ќебе. Ќе бидат обезбедени вода, сокови и кроасани за посетителите.

Филмот „Пинокио" кој беше номиниран во две категории за „Оскар" е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. /МИА

Промоција на летни активности на отворено во Ски–центарот „Попова Шапка"

На крајната станица на шестоседата жичарница во Ски–центарот „Попова Шапка" денеска ќе биде претставена понудата на угостителите и бројните активности на отворено што ги нуди ски-центарот оваа сезона.

Како што информираат од ЕЛЕМ ТУРС, на настанот кој е предвидено да започне во 10 часот, покрај запознавањето со целокупната понуда на Попова Шапка посетителите ќе можат да се уживаат во дегустација на разновидна, традиционална храна подготвена од тур-операторите на Попова Шапка.

Настанот ќе биде проследен и со музика со ди-џеј.

Сончево со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица.

Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

притисни ентер