„Во Германија вкупно 131 лице помладо од 22 години починало како последица на консумирање дрога во 2021 година“, објави НДР по истражувањето спроведено во надлежните институции на германските сојузни покраини.
Три деца помлади од 13 години биле меѓу оние кои починале минатата година, а вкупниот број на смртни случаи по консумирање дрога се искачил на рекордни 1926 во 2021 година. Експертите моментално не ја знаат причината за наглото зголемување на жртвите на конзумирање дрога кај младите луѓе.
"Оваа бројка, иако не е официјална, покажува дека е потребна нова насока во борбата против зависноста. Зависноста од дрога повеќе не смее да биде табу тема. На зависниците им е потребна помош, а не исклучување од општеството", рече Буркхард Блиенрт, комесар на федералната влада..
Истрагата на НДР беше покрената по неколку смртни случаи на млади луѓе на нелегални рејв забави. Според искуствата на учесниците на овие забави, потрошувачката на дрога е зголемена во последните години, како и бројот на малолетни учесници на овие нелегални собири.
Истовремено, намален е степенот на подготвеност да им се помогне на лицата кои ќе се најдат во акутна опасност поради конзумирање на дрога. Така, смртта на 20-годишно момче на рејв забава во Келн е поврзана со тоа што никој од присутните долго време не сакал да повика брза помош.
Министерот за здравство Карл Лаутербах одбил да го коментира истражувањето на јавниот сервис НДР. Актуелната влада неодамна воведе реформа на законот за опојни средства со која ќе се легализира консумацијата на канабис. Владата сака да ја легализира потрошувачката на канабис со цел да се намали криминализацијата на потрошувачите и полесно да се контролира трговијата и употребата на марихуана.