Обвинителите изјавија пред Регионалниот суд во Келн дека мажот снимал злоупотреба на бебиња, деца и тинејџери и им испраќал видеа и слики од „незамислива бруталност“ на десетици други луѓе.
Инспекторите кои откриле огромен број инкриминирачки информации минатата година во домот на оженетиот маж во градот Вермелскирхен, изјавиле дека никогаш претходно „не нашле толкаво ниво на нечовечка бруталност и рамнодушност кон страдањата на малите деца“.

Обвинителството бара казна од 15 години затвор, а потоа и ограничување на движењето на обвинетиот од безбедносни причини.
Во друг сличен случај денеска, четворица мажи се осудени од судот во Франкфурт за пристап до онлајн платформата „Boystown“ која се користела за ширење слики за сексуална злоупотреба на деца.
Двајца мажи, едниот на возраст од 49, а другиот на 42 години, се осудени на 12, односно 10 години затвор.
Во тој случај, шеесетгодишен Германец, уапсен во Парагвај, е осуден на осум години затвор поради неговата улога во управувањето со таа платформа.
Бојстаун е главната меѓународна платформа за слики со сексуална злоупотреба на деца и имала повеќе од 400.000 членови пред да биде затворена минатата година.