Герасимовски: Видео снимките од граѓаните го покажуваат дивеењето во Капиштец

Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

„Гответе со Дракче“ - Палачинки

Во среда (12.02.2025) во емисијата гостин ни беше Билјана Јаневска.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. брашно

1 јајце

250 мл. минерална вода

200 мл. млеко

200 гр. мелени бисквити

1 мало тегличе мед

200 гр. мелени ореви

чоколаден прелив

Напиток салеп

млеко и цимет по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Салах постави рекорд во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). 

Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул.

Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона.

Салах го собори рекордот на фудбалерот на Њукасл, Енди Кол од 21 поен (гол и асистенции) на гостински натпревари поставен во сезоната 1993/94.

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа. 

Во периодот од 15ти до 20ти во наредните три месеци - февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:

- Во населба Пролет, кај Феријален дом;

- На Водно, кај КТК до контејнерите;

- Во Буњаковец, кај контејнерите кај Вучко.

„Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од кабастиот отпад. Да ги чуваме нашите улици чисти и да придонесеме кон поздрава животна средина!“ – порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнително, службите на локалната самоуправа активно спроведуваат голема кампања за чистење на општината под мотото „Центар не чека, Центар чисти“. Оваа иницијатива доби силна поддршка и позитивни реакции од жителите.

Заедно со граѓаните продолжуваме да создаваме чиста и уредена општина, во која приоритет ќе биде здравата животна средина.

Општина Центар

притисни ентер