Герасимовски: Ги повикувам пензионерите со пензија до 17.518 да аплицираат за финансиска помош

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски ги повика пензионерите кои живеат на територија на Општината да аплицираат на јавниот повик кој е во тек и преку кој локалната самоуправа доделува финансиски средства. 

Станува збор за финансиска помош од 3.300.000 денари, што како мерка беше донесена на последната седница на Советот.

– Помошта е наменета за пензионерите кои примаат пензија до 17.518 денари и верувам дека во овој период на постапувања на прехранбените производи и сметките за електрична енергија овие средства ќе им помогнат на пензионерите да покријат дел од трошоците. Ние како општина и овој пат најдовме начин како да им излеземе во пресрет на нашите највозрасни сограѓани во услови на поскапувања предизвикани од економската криза, изјави Герасимовски.

Герасимовски зборуваше и за другите социјални проекти кои ги спроведува општината. За околу 90 пензионери во рамки на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ Општина Центар обезбедува нега во домашни услови од физиотерапевти, негуватели, психолози и социолози, а во најава е и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ кој како што рече Герасимовски ќе ги опфати лицата над 60 години вклучувајќи ги и оние со Алцхајмерова болест и деменција.

– Овој проект е во завршна фаза и се очекува наскоро да започне. Планираме околу 40 корисници да добиваат медицинска нега дома или во Центарот од стручни кадри обучени преку Министерството за труд и социјална политика, вели Герасимовски.

Општина Центар информира дека има и хуманитарни акции преку кои на месечно ниво доделува социјални пакети на социјално загрозени и згрижувачки семејства, како и на децата од малите групни домови.

– Од минатиот ноември досега општината додели околу 2 200 пакети со храна и прехранбени производи. Општина Центар, исто така, во рамки на проектот „Од дете за дете“ доделува пакети со храна и хигиенски производи на згрижувачки семејства и мали групни домови на територија на Општина Центар. Станува збор за проект во кој учениците доделуваат пакети за учениците од семејства во ризик или децата од малите групни домови. Во континуитет општината доделува и парична помош од 7.000 денари за секое новороденче во општината. За една година по стапувањето на градоначалничката функција Герасимовски додели околу 2.652.000 денари за 341 решение на млади родители со новороденче и пакет производи и педијатриски услуги од општествено одговорни компании, се посочува во соопштението на Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски, исто така, изјави дека секоја година во програма се планираат средства за семејства во социјален ризик. Измината година Општината по овој основ има доделено 3 милиони денари за семејства од социјален ризик или оние кои имаат реална потреба за купување на лекови или операции. Герасимовски исто така рече дека заштедените средства од службени патувања и репрезентации кои во целост се заштедени, а се во висина од 700.000 денари се префрлени за потребите на семејства од социјален ризик.

Наредните два месеца во Грција ќе се игра фудбал пред празни трибини

До 12 февруари 2024 година, на навивачите ќе им биде забранет влез во натпреварите од фудбалската Суперлига во Грција.

Ова го соопшти портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Ова е конкретен чекор во борбата против хулиганите, кои со децении вршат насилство на трибините.

Последниот инцидент беше виден во четвртокот кога полицаец беше тешко повреден за време на нередите на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Во таа прилика полесно се повредени десетици полицајци, а уапсени се најмалку 400 хулигани.

Оваа одлука важи и за европските натпревари, па ТСЦ во четврток ќе игра против Олимпијакос без присуство на публика.

Израелците со падобрани им доставуваат вода на своите војници во Газа (ВИДЕО)

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција.

Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат, објави Телеграф.

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија “, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, додава тој.

ЛДП: Врвен приоритет останува брзото присоединување кон ЕУ

Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП) вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.

„Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција. За Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство. Од таа причина, како партија која постојано работи во интерес на граѓаните“, истакнаа од ИО на ЛДП.

Од Извршниот одбор на партијата посочија дека јасно е дека политичките партии во трка за поен плус и од популизам не можат да постигнат консензус за спроведување на големи реформи во клучни области, оттука е неопходно да се почне процесот на преговори низ кои ќе се реформира државата. На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.

Извршниот одбор на седницата формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени - Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ - Јелена Мишиќ и член на ИО - Горан Петрушев.

,,Не постои друга алтернатива за земјата, како од политички, така и од економски аспект освен полноправно членство во ЕУ. Целта е брзи реформи, за видлив напредок дома. Мнозинството од граѓаните се за членство во унијата каде и природно припаѓаме.

Извршен одбор на Либерално демократска партија (ЛДП)

притисни ентер