Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината. За тоа постојат законски акти и одлуки. 

Со одлука на Совет и Договорот, склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година, градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар: Белградска, Востаничка, Св. Кирил и Методиј, Димитрие Чуповски, Лазар Личеновски, Македонија, Митрополит Теодосиј Гологанов, кеј Димитар Влахов, Пролет, Васил Ѓоргов и Самоилова.

Во договорот децидно стои:,,Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.

„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска“ не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска“. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска“ согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, дециден е градоначалникот Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска“, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен.

Во прилог ви го испраќаме Договорот склучен помеѓу Град Скопје и Општина Центар, Одлуката на Советот и другата документација на увид.

Со почит,

Општина Центар

Мицкоски: Ќе нема 13. плата за државната администрација, добиваат К-15

Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки .

Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

ДУИ: Потсетуваме на историското значење на одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе утре

Тивко, без поголема раздвиженост и еуфорија и во значително помал број  „Стражарите за јазикот“ и денеска остануваат пред Уставен во пресрет на утрешната седница на која ќе се одлучува за Законот за употреба на јазиците

Тивко, без поголема раздвиженост и еуфорија и во значително помал број „Стражарите за јазикот“ и денеска остануваат пред Уставен во пресрет на утрешната седница на која ќе се одлучува за Законот за употреба на јазиците, откако синоќа информацијата дека Артан Груби се најде на американската „црна листа“ ги затекна неговите соопартијци Османи и Адеми во емисија во живо.

Од ДУИ преку соопштение и денеска, но со поблага реторика порачуваат дека одлуката која треба да ја донесе Уставниот суд има историско значење и дека очекуваат заштита на Законот за употреба на јзиците, без да се дозволи еднаквоста и правдата да бидат нарушени. За разлика од отворени пораки кои Ахмети синоќа ги испрати пред „стражарите за јазикот“ дека трпението имало крај и дека нема да има мир ако судот не ги отфрли сите 13 поднесени иницијативи со кои се оспорува уставноста на Законот за јазиците.

Ваквите пораки претседателката на државата Сиљановска Давкова ги оцени како субјективни и лични и ги повика политичарите да не се мешаат во работата на Уставниот суд.

„Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментари. Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот“, рече Давкова.

Премиерот Мицкоски пак и денеска повтори дека на утрешната седница на Уставен нема да се случи ништо и дека на одлуката која треба да ја донесе судот и претходат неколку јавни дускусии и подготвителни седници и дека процесот може да трае со месеци па дури и со години и дека тоа ДУИ добро го знаат.

„Нивната цел беше сега како политички глодари да начекаат и да видат, еве сега знаеме како идат процедурите, но ние ќе правиме политички притисок и кога нема ништо утре да се случи да излезат во јавноста, нормално тоа можат само политчки глодари да го направат, да излезат и да кажат еве поради тоа што ние правевме притисок се одложи сето ова“, рече Мицкоски.

Дека уставиот суд утре ниту ќе го укине, ниту ќе ја запре примената на Законот за употреба на јазиците, туку дека само ќе биде предложено да се поведе постапка за членовите кои се однесуваат на судските постапки и на банкнотите, вечра објавија дел од медиумите, кои споделија дел од рефератот кој наводно утре пред судите ќе треба да го образложи судијата известител за предметот.

Уставен ниту ги потвтди, но ниту ги демантираше наводите, поради сензитивноста на предемтот за кој ќе одлучуваат утре, најверојатно без двајцата судии Албанци, кои најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.

Сиљановска: Горда сум на армијата, можеме мирно да спиеме

Граѓаните можат мирно да спијат, Армијата е на највисока воена готовност, рече денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, при годишниот брифинг на кој се презентираа реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2024 година. 

На брифингот претседателката Сиљановска Давкова истакна дека припадниците на Армијата во континуитет ја докажуваат својата професионалност, дисциплина и подготвеност, успешно вршејќи ги своите задачи и гарантирајќи ја безбедноста, стабилноста и националната одбрана, поради што армијата ужива највисока доверба и углед кај граѓаните.

На брифингот за борбената готовност на Армијата, кој беше затворен за јавноста началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски истакнал дека Армијата во тековната година успешно ги реализирала сите предвидени задачи, а со учеството на припадниците на Армијата во операциите предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации, се испраќа јасна порака за силната посветеност во одржување на мирот и стабилноста, соопштија од Министерството за одбрана.

На брифингот, присуствуваше и министерот Мисајловски, кој најавил дека и во следната година инвестирањето во одбранбените капацитети за потребите на Армијата, во персоналот, во нова современа опрема, во инфраструктура ќе продолжи со зголемен интензитет.

Според обврската преземена со члнеството во НАТО, земјава и следната година ќе издвои над 2% од БДП за одбраната, или околу 400 милиони евра.

притисни ентер