Геополитички случувања, уставни измени, корупција, дел од темите - Канал 5

Геополитички случувања, уставни измени, корупција, дел од темите

„Само Вистина“ со Стојанче Ангелов и Страшо Ангеловски

Геополитички случувања, уставни измени, корупција, дел од темите

Стојанче Ангелов:

- Режим како оној во Иран не е добро да произведува нуклеарно оружје.

- Двете војни ќе доведат до поместување на глобалната политика, но и нови опасности, светот е исправен пред нова катастрофа.

- Влезот на Бугарите во уставот не е потврда дека нема да не блокираат, станувам се' поголем песимист.

- Ние ќе се бориме за ЕУ, но не по цена на идентитетот.

Страшо Ангеловски:

- Војните кои што сега се случуваат се само „породилни маки“ на раѓање на нов светски поредок.

- Најголемите губитници од оваа војна ќе бидат Еврооските држави, енергетски ќе се најдеме пред колапс, и доколку Иран го прекине тој Ормутски теснец ќе не можеме и од таму да набавуваме енергенси и ќе плаќаме три пати повеќе.

- Со нов бран мигранти ќе се промени демогравската слика на Европа.

- Ние полека но сигурно стануваме жртви на двојните стандарди на Меѓународната заедница.

YouTube video

YouTube video

Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

Римац Невера Р ја презеде круната како нов крал на перформансите, соборувајќи 24 светски рекорди во една сесија. 

Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

Продолжувајќи го успехот на оригиналната Невера, која ги освои насловните страници во 2023 година со 23 рекорди, Невера Р сега оди уште побрзо и подалеку.

Тестирана на патеката за тестирање автомобили Папенбург во Германија и верифицирана од Девесофт, Невера Р достигна 400 км/ч и повторно целосно застана за само 25,79 секунди, надминувајќи го времето на претходната Невера за над 4 секунди.

Инженерите на Римац му дадоа на Невера Р голема надградба. Тој има нов аеродинамичен пакет со фиксирано задно крило и поголем дифузер што зголемува даунфорс за 15 проценти и ја подобрува ефикасноста за 10 проценти. Новите гуми „мишелин кап“ 2 нудат подобро прилепување и управување, додека рекалибрираниот “торк веркторинг“ систем вади 2107 коњски сили на автомобилот преку четири електрични мотори, прилагодувајќи ја моќноста на секое тркало 100 пати во секунда.

„Кога првпат ја претставивме Невера, речиси изгледаше како да е достигнат врвот на перформансите на хиперавтомобилите. Во една генерација, создадовме скок во перформансите што претходно ќе траеше со децении. Но сега, преку неуморни иновации, Невера Р оди уште побрзо, а сепак задржува голем дел од удобноста и практичноста што ја прават Невера вистински, употреблив автомобил за секојдневна употреба. Соборувањето рекорди е во нашата ДНК и нема да застанеме тука“, рече Мате Римац, основач и претседател на Римак груп, извршен директор на Бугати Римак и Римак технологи.

Ограничен на само 40 автомобили и со цена од 2,3 милиони евра, Невера Р сега е најрекордниот електричен хиперавтомобил некогаш изграден.

Еве ги 24-те рекорди што ги држи Невера Р сега:

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Изгледа дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Имено, основачот на Амазон, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со значително повеќе коса.

Додека шетал низ конференцијата „ Allen & Co. Media and Technology “ во Сан Вали, Ајдахо, Џеф имал седа коса околу главата. Тој бил придружуван од неговата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

„Тој е чудовиште во теретана“

Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика возбуда на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене“, откри Лорен, 55, во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно. „Тој е чудовиште во теретана.“

Тоа му е толку важно што, тврди Лорен, го „украл“ од неа Весли Окерсон, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен. „Џеф е неверојатно посветен на тренингот“, изјави таа за Волстрит журнал во 2023 година. „Немате поим. Тој навистина се труди.“

Извор: Индекс.хр

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

притисни ентер