ГДУ: Ковид 19 го вклучи алармот за реформа на здравството

Итни инвестиции во здравствениот сектор и мотивација за младите доктори и специјализанти да останат да работат во Македонија предлага Граѓанско Демократската Унија (ГДУ). 

Пандемијата на Ковид 19 ги изнесе на виделина најголемите недостатоци на македонското здравство – недоволно легла, лоши услови во болниците, недоволен број на обучени доктори, мал број соодветно обучени медицински сестри. Во болниците во внатрешноста силно е изразен и недостатокот на обука за работа во услови на пандемија, иако постои желба да помогнат. Медиумите пренесувааbт изјави од здравствени работници и сестрите кои се жалат дека се истоштени и нема кој да ги замени.

„Алармот за брзи промени во здравството е вклучен. Доволно школуваме доктори за европските болници. Без млади и обучени доктори и специјализанти што ќе работат во Македонија залудно ќе инвестираме во болници и клинички центри. Партизацијата во здравствениот сектор мора да запре и надлежното Министерство да најде начин да ги мотивира младите да останат во Македонија. Ова се нашите херои, мора системот да најде средства и знаење како да им помогне“, вели претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев.

ГДУ посочува дека се потребни итни промени и во работењето на Фондот за здравствено осигурување за да се подигне квалитетот на здравствена заштита што ја добиваат осигурениците.

„Нашиот предлог пред новиот состав на Собранието ќе биде воспоставување систем во кој Фондот за здравствено осигурување ќе се постави како сервис на осигурениците и пациентите, преку воспоставување надзор врз неговото работење од страна на соодветни органи. Ќе предложиме и воспоставување систем со „Задолжителен пакет“ и „Дополнителен пакет“ за осигурениците. Со првиот пакет секој ќе добие здравствена заштита а вториот пакет се предвидува да биде незадолжителен и за него ќе доплаќаат само оние кои сакаат и дополнителни здравствени услуги. Услугите од двата пакета на пациентот да му бидат достапни и во јавните и во приватните здравствени институции според системот на референтни цени за здравствените услуги“, вели Колев.

ГДУ како неодложни инвестиции за следните четири години ги наведува вложувањата во регионалните болници во Велес, Штип, Струмица, Битола и Прилеп за да се намали јазот меѓу примарните и секундарните здравствени услуги.

„Сметаме дека локалните власти мора да почнат да функционираат локално и да преземат одговорност за здравствената политика на своето подрачје, како и да се најде начин во соработка со Министерството за здравство да се насочат младите студенти да се обучуваат за лекари по општа пракса. Регионалните болници треба да ја исполнат својата функција и секој посериозен случај да не се транспортира во Скопје“, вели Колев.

Преземањето на итни мерки во здравствениот сектор нема да бидат доволни да се избегне евентуалниот крах поради се големиот број хоспитализирани поради Ковид 19, но може да му овозможат на македонското здравство полесно да се снаоѓа во идни слични ситуации.

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер