Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот

Илинден е семето на визионерството, заедништвото, храброста, потсетник на заедничките вредности околу себе обединување, кои ги славиме и ги празнуваме. 

Во овие 30 години начивме дека минатото се памети, а се работи за иднината. Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина. Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 2 Август, Денот на Републиката - Илинден.

Според Гаши, заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес. Тоа е, потенцираше, заложба за напредок на државата, благостојба за граѓаните, подобра иднина за поколенијата. Гаши појасни дека идејата која треба да не обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава.

-Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки. Илинден не е ограничен, затоа што тој ни припаѓа на сите, поаѓајќи од 1903, преку 1944-та и на сите кои денес вложуваме за европска Македонија. Како мултиетничка, мултикултурна и мултифункционална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности. Тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава. Ова е во духот на вредностите кои беа промовирани и во Крушевската Република, како и во Асномската независна Македонија, рече Гаши во своето обраќање пред Собранието.

Гаши порача дека е потребно да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања од чие подобрување зависи и подобрувањето на квалитетот на секојдневието на граѓаните.

-Најуспешниот резултат е членството во НАТО. Имајќи го во вид угледот кој го уживаме како рамноправен член на Алијансата, нашата одговорност кон одбраната во наредниот период ќе расне, осовено во време на конфликти не само во Европса, туку и во други делови од светот. Сите членки на НАТО се подеднакво одговорни за овозможување на буџет за одбраната кој е над 2 проценти од БДП. Вложување во модернизацијата на Армијата, соработка со сојузниците и вложување во враќањето и одржувањето на светскиот мир. Чекори кои нема да бидат едноставни, но, благодарение на одличната подготвеност на нашите сили во одбраната и поддршката која се планира од државата, ваквите чекотир се остварливи, додаде Гаши.

Како што рече, втората траса од нашиот пат - онаа кон Европската Унија, се уште трае.

-И покрај низа предизвици, јас сум убеден дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ. Ние мора да се фокусираме на нашите аспирации за иднината. Нашето членство во ЕУ не е само политичка цел, тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши.

Тој напомена дека заедно со пратениците подготвени се на враќање на довербата во правото и правдата како столб на стабилноста и хармонијата во општеството.

-Никој нема право на поинакви или на подобри услови за градење на кариера или стекнување на материјални добра на сметка на другите Ќе работиме на носење закони кои ќе ја заживеат економијата и ќе донесат странски инвестиции во сите градови подеднакво, но и ќе го поттикнат претприемништвото и иновациите кај нашите млади. За младите пособен акцент ќе ставиме на законите во сферата на образованието, затоа што токму квалитетно образование е клучот на долгорочен развој, напредок и светска конкурентност на една држава. Овие цели не може лесно да ги оствариме доколку не држиме чекот со модерната технологија и дигитализаијцта. Неуморно ќе сме посветени на следење на најновите тенденции во Европа и светот, додаде Гаши.

Како што додаде, привилегијата да се живее во просперитетна и стабилна држава не е право кое ни следува само по себе, туку треба сериозно и посветено да се имплементираат реформи во сите сфери на општеството и гранките на државно управување.

-Темел на тие реформи е враќањето на суштинските вредности - семејните вредности, меѓусебо почитување, соживотот. Само со здрави темели може да се изгради здрава и напредна држава. Да чиниме се што чинеа великаните кои ја создадоа државата во која живееме дена, како Методија Андонов Ченто и Неџат Аголи и да оставиме белег на кој што ќе се гордеат нашите предци и пример доследен за поколенијата, појасни Гаши.

Потенцираше дека е време да ја потврдиме нашата посветеност на единство, солидарност и напредок.

-Да работиме рака под рака за да изградиме подобро утре за сите граѓани, додаде претседателот на Собранието.

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер