Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја, за да имаме јасна перцепција.

Собранието во однос на процедурата е подготвено во секое време да ги отпочне уставните измени, но за да се отпочне тој процес треба политичка волја и договор за да имаме јасна перцепција, за да не почнеме нешто што нема да успее, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.

- Во однос на Собранието, службите и процедурата ние сме подготвени. Се надеваме дека што побргу ќе дојдеме до тој политички договор за да се отпочне тој процес. Јас би сакал тоа да биде што побрзо затоа што мислам дека е од стратешко значење и важно да ги започнеме преговорите што побргу и да станеме полноправна членка на ЕУ, рече Гаши.

Во однос на оценката за Собранието во Извештајот на Европската комисија, според Гаши, таа е позитивна односно има мал напредок. Гаши рече дека во неговиот мандат нема злоупотреба на европското знаменце за носење на закони, како и дека големиот број на закони по скратена постапка се всушност усогласувања со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

- Вчера од страна на амбасадорот на Европската унија, свечено во нашето Собрание пристигна Извештајот на Европската комисија. Во делот на Собранието можам да ви кажам дека вкупно оценката е позитивна. Има мал напредок. Наредната година ќе направиме се преку реформската агенда и преку сите препораки кои се дадени во Извештајот да ги имплементираме што побргу за следната година не само извештајот да биде позитивен туку тоа го правиме најмногу заради нас, да имаме пофункционално и потранспарентно Собрание и да бидат задоволни и пратениците и граѓаните од работата на Собранието, рече Гаши.

Се нотира, како што кажа, дека Собранието не го злоупотребува повеќе европското знаме, но дека се повторуваат скратените постапки.

- За жал, на почетокот на овој наш мандат заради новиот Закон за управа и работа на Владата повеќето од законите кои ни дојдоа во скратена постапка беа заради усогласување на имиња на институции и министерства. Затоа на почеток да имаме разбирање малку, но правам максимални напори со сите пратенички партии и пратеници, но и со Владата и со министрите, да ги убедиме да не предлагаат носење на закони по скратена постапка затоа што нема смисла и во насока на временските рокови, рече Гаши.

Нагласи дека Собранието закажува многу често седници, има предвидливост на седниците, така што дали три-четири дена порано или подоцна не се добива многу во време. - Ги убедуваме министрите повеќето или сите закони да ги предлагаат во редовна постапка затоа што мислам дека е добро и за нив, и за пратениците и за граѓаните и за заинтересираните страни за законите што ги носиме, рече Гаши во изјава за медиумите по брифингот.

Претседателот на Собранието рече дека нема информација од Владата кога ќе дојде Предлог-буџетот за 2025 година на дневен ред.

Се појави нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад (Вознемирувачко видео)

По несреќата во Нови Сад во која поради уривање на надвозникот на железничката станица загинаа 14 лица, додека тројца се во тешка состојба во болница, се појави видео од уривањето од друг агол.

На видеото се гледа целата зграда на станицата, како и моментот кога настрешницата целосно се урива.

Видеото изгледа страшно, на него се гледа моментот во кој настрешницата буквално се откинува од останатиот дел од зградата и куп бетон паѓа врз луѓето под неа, додека граѓаните кои чекаат на автобуската станица и оние кои поминуваат по патеката поблиску до патот за малку избегнаа сериозни повреди или смрт.

Ужас во Италија: Татко го претепувал 5- месечниот син, дури и во болница

Италијанската полиција уапси 22-годишен маж од Падова поради сомнение дека му нанел физички повреди на својот петмесечен син, додека детето од други причини било во болница.

Полицијата соопшти дека при посета на синот на педијатриското одделение, кога се уверил дека е сам и дека лекарите и медицинските сестри не можат да го видат, таткото го мачел и малтретирал детето нанесувајќи му тешки повреди, пренесува Раи.

Осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор во Падова.

Градоначалникот на Нови Сад: Почна вештачењето на настрешницата, ќе се утврди одговорност

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, се обрати до медиумите пред Клиничкиот центар на Војводина, каде зборуваше за повредените, но и за тоа дека е спроведена истрага и дека експертите треба да утврдат кој е одговорен за несреќата.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, се обрати до медиумите пред Клиничкиот центар на Војводина, каде зборуваше за повредените, но и за тоа дека е спроведена истрага и дека експертите треба да утврдат кој е одговорен за несреќата што се случи пред Железничката станица во Нови Сад, објави Телеграф.

- Засега можам да кажам дека загинаа 14 лица, три лица се повредени и се во КЦВ. Нивните животи се во опасност и се надеваме дека ќе преживеат. Истрагата беше спроведена денеска околу 12 часот, по што почна вештачењето од страна на стручните органи, па ќе видиме какви наоди и мислење ќе ни дадат, за да знаеме сите што се случило. Она што секако можеме да го очекуваме е дека ќе се утврди одговорноста на оние кои требаше да си ја завршат работата, а не ја завршија како што треба, за да не се случи повторно оваа трагедија што се случи - рече Ѓуриќ.

Тој посочи дека е потребно да се чекаат наодите и мислењето на експертите за да дознаат точно што се случило, а надлежните кои треба да одговараат и оние кои учествувале во реконструктивните работи на Железничката станица во Нови Сад.

- Во овој момент е премногу избрзано да се каже што било, треба да ја оставиме професијата да си ја заврши работата. Очекувам брзо да ја завршат работата бидејќи ова е невидена трагедија што се случи во цела Србија, не само во Нови Сад. Не влегов во зградата, единствено што знаеме е дека настрешницата се урна. Вчера можевме да видиме дека останатиот дел од зградата е во нормална состојба. Граѓаните мора да веруваат во државата и системот, а очекуваме да одговорат одговорните за тоа што се случи - додаде тој.

Тој посочи дека експертите треба да ја испитаат целата настрешница, како и теговите за да се утврди што го предизвикало падот.

Градоначалникот на Нови Сад рече дека градот ќе им ја пружи сета помош и поддршка на семејствата на настраданите, како и на луѓето за чии животи лекарите во моментов се борат. Тој посочи дека од министерството велат дека настрешницата не била реконструирана.

притисни ентер