Гаши: Во Македонија албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот - Канал 5

Гаши: Во Македонија албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот

Во Македонија албанскиот јазик мора да биде целосно еднаков со македонскиот, а Албанците да бидат спокојни. Ова во интервју го порача претседателот на Собранието Африм Гаши.

Гаши: Во Македонија албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот

Aко Уставниот суд правилно ги прочита Законот и Уставот ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик во Македонија, вели собранискиот спиекр Гаши во интервју за весникот„Лајм“, во пресрет на седницата на Уставен, кој на почетокот на октомври, треба да ги разгледа иницијативите со кои се оспорува уставноста на Законот за употребата на јазиците. Гаши посочува дека не стравува од одлуката на судот и очекува уставните судии да донесат објективна одлука.

„ Уставниот суд постои за да ја оценува уставноста на законите. Ние како Албанци треба да бидеме опуштени, верувам дека петтиот амандман на Уставот, кој беше напишан и договорен со меѓународни експерти по конфликтот и вооружената војна во 2001, секако е добро осмислен, добро анализиран и сите знаеме дека идејата на амандманот беше албанскиот да биде официјален со македонскиот јазик. Јас длабоко верувам дека правилното читање на Уставниот суд ќе ја унапреди употребата на албанскиот јазик на ниво на службен јазик. Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум опуштен како ќе се толкува“., посочува Гаши во интервјуто, во кое доадава и дека употреба на албанскиот јазик во земјава не била на посакуваното ниво и дека е потребно целосно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик..

На прашањето на Канал 5, пак за појаснување на ставовите околу одлуката на Уставен, Гаши порача дека се ширела загрижувачка хистерија околу Законот за јазиците. Кратко ни посочи дека верува во интитуците на државата и дека одлуката е во рацете на Уставниот суд. Ставот по ова прашање на премиерот Мицкоски е дека одлуката на Уставен мора да се почитува, додека вицепремеирот Меџити порача дека таквата одлуката би можела да наруши важни процеси во држвата.

Вкупно 13 иницијативи за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците се поднесени до Уставениот суд, од страна на политички партии, граѓански здруженија и универзитетски професори и по цели пет години од донесувањето на Законот ќе бидат разгледани од уставните судии.

YouTube video

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер