Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет - Канал 5

Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет

 Утринава претседателот на собранието Африм Гаши рече дека - дека мнозинството останува стабилно и оти владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет.

Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет

Вицепремиерот Изет Меџити, пред состанокот на централното претседателство на ВРЕДИ потврди дека Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на владата за добро владеење, додека Азир Алиу ќе биде предложен за министер за здравство.

Меџити беше дециден дека на вториот круг од локалните избори ке има мегусебна поддршка мегу коалициските партнери во владата, но не и со алијанса како што вчера изјави Таравари.

Утринава претседателот на собранието Африм Гаши рече дека - дека мнозинството останува стабилно и оти владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет.

Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи.

.

Белгија врати саркофаг стар 2.300 години во Египет

Белгија му врати на Египет саркофаг, за којшто се проценува дека е стар околу 2.300 години. Гестот се случи викендов, десетина години откако артефактот беше запленет од полицијата во Брисел. 

Белгија врати саркофаг стар 2.300 години во Египет

Саркофагот му беше предаден на египетскиот амбасадор, на свеченост одржана во белгиската престолнина, соопштија вчера тамошните власти.

- Враќањето на нелегално украден предмет во земјата на потекло е праведен чин по 10 години истрага и судска постапка, изјави обвинителот од Брисел, Жулиен Мојнил.

Белгиската полиција го заплени саркофагот во 2015 година, врз основа на потерница од Интерпол издадена по барање од судските влати во Египет. Артефактот бил чуван во Кралскиот музеј на уметност и историја во Брисел.

Според белгиските стручњаци, дрвениот саркофаг датира од периодот на македонско-египетскиот владетел Птоломеј, од преминот меѓу 4. и 3. век п.н.е., и „несомнено му припаѓал на член на египетската висока општествена класа“ од тоа време. Се истакнува дека изборот на материјали и исклучително прецизната изработка сведочат за високото ниво на занаетчиството од тоа време. Врз основа на хиероглифите на саркофагот, утврдено е дека во него бил погребан човек по име Па-ди-Хор-па-херед, кој е прикажан на саркофагот како се трансформира во древниот египетски бог на подземјето, Озирис.

Видео-фото: Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба

Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на САД, додека во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави.

Видео-фото: Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба

Предупредување за поплави беше на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат подруми и ниски подрачја, пишува Индепендент.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени станици на метрото во Њујорк, автомобили заглавени во вода и вода што се лее по скалите и пероните на метрото.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба, повикувајќи ги жителите да останат во затворен простор и да избегнуваат патувања.

„Поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, советуваме максимална претпазливост“, напиша Марфи на X.

Бурата предизвика прекини во воздушниот сообраќај на најмалку шест главни аеродроми на Источниот брег.

Аеродромите ЏФК и Ла Гвардија во Њујорк, како и Њуарк Либерти во Њу Џерси, добија наредба привремено да ги приземјат летовите, предизвикувајќи неколкучасовни доцнења.

Слична ситуација беше забележана и на аеродромите во Филаделфија, Балтимор и Вашингтон.

Според проценките на Националната метеоролошка служба, во некои делови од Њујорк за краток временски период наврнаа помеѓу 50 и 75 милиметри дожд.

Вчера, во подоцнежните часови, врнежите се придвижија кон исток и постепено го изгубија интензитетот.

Меѓутоа, властите предупредуваат дека нов бран врнежи од дожд уште денеска може да го погоди регионот, заедно со екстремно високи температури и висока влажност.

Градските власти издадоа предупредување за комбинација од интензивна топлина и можни натамошни поплави, со температури што би можеле да достигнат или надминат 38 степени Целзиусови.

Шпанецот Карерас четврто засилување на Реал

Шпанскиот фудбалер Алваро Карерас е нов член на Реал Мадрид, објави синоќа Кралскиот клуб.

Шпанецот Карерас четврто засилување на Реал

Карерас потпиша шестгодишен договор и се пресели во Реал од португалска Бенфика која ќе добие обесштетување од 50 милиони евра.

Дваесетидвегодишниот Карерас се враќа во редовите на Реал, за кој играше во јуниорските селекции пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Откако не се истакна во клубот од „Олд Трафорд“ дефанзивецот Карерас ја продолжи кариерата како позајмен фудбалер во Престон и Гранада пред Бенфика да го откупи неговиот договор минатото лето за шест милиони евра.

Карерас е четвртото засилување за мадридскиот тим пред новата сезона по Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Франко Мастантуоно, за кои Реал плати вкупно 170 милиони евра.

притисни ентер