Гаши - Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција - Канал 5

Гаши - Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција

Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, денеска во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Гаши - Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција

Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, денеска во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.

Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата.

Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.

Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Република Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.

Министерот Хакан Фидан, како што е наведено во соопштението, ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.

Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција.

На средбата, како што се посочува во соопштението, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование.

Претседателот на Собранието на Македонија од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Република Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.

Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер